13 чудни настани кои се случуваат само во Финска

На Финска ѝ се воодушевуваме поради многу нешта, почнувајќи од животниот стандард, образовниот систем и начинот на кој се спроведуваат општествените промени, па сè до прекрасната природа и климатските услови. Но, исто така во Финска се одржуваат 13 чудни и по малку смешни настани, натпревари, фестивали, традиции и други слични активност. Затоа, доколку се најдете во вистинскиот момент во Финска, можете да присуствувате на следните настани:

1. Светски шампионат во носење жени на грб

13 чудни настани кои се случуваат во Финска

Веќе 13 години, секое лето во градот Сонкајерви се одржува овој натпревар во кој мажите на грб ги носат своите девојки, сопруги или блиски пријателки и трчаат до целта.

2. Светски шампионат во фрлање мобилни телефони во далечина

13 чудни настани кои се случуваат во Финска

Овој настан се одржува секој август во Савонлина, но не е јасно дали е поврзан со тоа што Финска е еден од најголемите производители на мобилни телефони, особено од брендот Нокиа.

3. Светско првенство во свирење на фиктивна гитара

13 чудни настани кои се случуваат во Финска

Не е воопшто лесно да се влезе во натпреварувачкиот дел на овој настан што традиционално се организира во Оулу, но сигурно е многу забавно да се следи отстрана. Во 2006 дури е снимен и документарец за ова првенство.

4. Натпревар во убивање комарци

13 чудни настани кои се случуваат во Финска

Со помош на пластична тепалка треба да се усмртат што повеќе комарци во рок од пет минути.

5. Натпревар во седнување врз мравјалници

13 чудни настани кои се случуваат во Финска

Доброволците кои учествуваат во овој натпревар седнуваат врз мравјалник (што поголем, тоа подобро) и се обидуваат да останат подолго од своите противници. Се случува на повеќе локации во Финска.

6. Пливање во смрзнати води

13 чудни настани кои се случуваат во Финска

Ова организирано капење во смрзнатите води на езерата се случува на повеќе локации во Финска, но најпопуларни се оние настани во Хелсинки. Може да пливате и облечени и со костими за капење, но и целосно голи.

7. Светски куп во фудбал на снег

13 чудни настани кои се случуваат во Финска

Она што го прави овој фудбал поинаков од оној кој сме навикнати да го гледаме на зелените терени, е што се игра на снег, а на нозете се носат дрвени мрежести подлоги кои се прицврстуваат за чизмите.

8. Светски шампионат за издржливост во финска сауна

13 чудни настани кои се случуваат во Финска

Учесниците во овој шампионат се натпреваруваат кој подолго ќе издржи во финска сауна, каде што влажноста на воздухот е многу висока, а температурата изнесува околу 110 степени Целзиусови. Настанот се организира секој август во Хејнола.

9. Фестивали за сексот и поврзувањето

13 чудни настани кои се случуваат во Финска

Двата се наменети за повозрасните посетители, но целата организација е многу професионална и едукативна. Фестивалот на сексот се случува во градот Кангасниеми, а фестивалот на поврзувањето во Курика. Сексуалноста во Финска не е табу-тема.

10. Светски куп во фудбал во бари и мочуришта

13 чудни настани кои се случуваат во Финска

Дефинитивно, уникатен вид фудбал кој бара висока физичка подготвеност и координација. Се одржува во градот Хиринсалми во северна Финска.

11. Првенство во разговори со кравите

13 чудни настани кои се случуваат во Финска

Во Алапитка во јули се случува еден од најчудните настани – разговарање со кравите. Учесниците им се обраќаат љубезно на кравите на другите соучесници, употребувајќи ги нивните имиња.

12. Првенство во зборување фински дијалекти

13 чудни настани кои се случуваат во Финска

Во градот Куопио секоја година се организира овој натпревар. Особено е интересен за странци кои го учат финскиот јазик и се обидуваат да разберат, но ништо поинаку не е ни со натпреварувачите, особено ако доаѓаат од различни краеви на државата.

13. Натпревар во фрлање столчиња на кои се седи кога се молзат крави

13 чудни настани кои се случуваат во Финска

Овој настан е чест во финските рурални средини, а доколку се најдете во некое село, внимавајте да не летне кон вас некое вакво столче.

Погледнете ги и овие прекрасни фотографии од поларна светлина во Финска.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар