10 бесплатни совети кои психолозите дебело ги наплаќаат

10 бесплатни совети кои психолозите дебело ги наплаќаат

Психолозите од Швајцарија имаат највисока годишна плата во својата област, но тоа не е затоа што се подобри од колегите ширум светот, туку затоа што знаат како да ги наплатат своите совети. Вистината е дека каде ѝ да сте, кога посетувате психолог, постојат неколку чести совети кои ќе ги добиете, а кои ви изгледаат премногу банални или клише. Сепак, тоа не значи дека плаќате непрофесионалци, туку дека за ваша среќа, сте еден од полесните случаи со кои психологот се среќава.

10 бесплатни совети кои психолозите дебело ги наплаќаат

Ова се 10-те најчести совети кои можете да ги добиете од својот психолог, а за кои може да ви биде наплатена поголема сума на пари:

1. Повеќето проблеми потекнуваат од детството. Погледнете ги само своите родители!

Како тие се однесуваат? Зошто така се однесуваат? Постојат многу теории дека поголемиот дел од проблемите датираат уште од детството. Ако разберете зошто вашите родители во минатото постапиле на еден или на друг начин, ќе можете да им простите и да се прифатите себе, а со тоа и да продолжите понатаму.

2. Проблемите со другите се во вашата глава

Внатрешните дијалози со кои бараме објаснување за нечие однесување воопшто не се корисни. Постапките на другите не можеме да си ги објасниме, затоа што нашиот ментален склоп е поинаков од оној на другата личност. Секој обид да разберете е само создавање нов проблем во главата.

3. Зборувајте за своите чувства и не отфрлајте луѓе

Секогаш кога некого обвинувате, тој инстинктивно се обидува да се заштити. Ако наместо тоа кажете како се чувствувате, ги мотивирате да ја признаат грешката и да се обидат да ја поправат ситуацијата. Секако, тоа зависи и од она колку ѝ значите на личноста која ве повредила.

4. Грижете се повеќе за себе, а помалку за мислењето на другите

Споредувањето со други луѓе е сосема неосновано и бескорисно. Секоја личност има свои предности, лични квалитети, желби, таленти… Можеме другите луѓе да ги користиме како инспирација за да се подобриме самите, но не и за да се изедначиме со нив.

5. Излезете од својата безбедна зона

Овој совет важи за секоја сфера од животот – од промена на работно место, до наоѓање партнер. Пронајдете ја својата страст, ризикувајте и вклучете се во нешто што ви е интересно, колку и да е нетипично за вас.

10 бесплатни совети кои психолозите дебело ги наплаќаат

6. Поставете свои граници и не дозволувајте да ги рушат

Вашите односи со луѓето зависат од границите кои ги поставувате. Трпењето нечие однесување кое не ви одговара и ве повредува, и молчењето во име на мирот, воопшто не ги решава проблемите. Затоа, потребно е да се постават граници и точно да им се покаже на другите до каде можат да одат.

7. Секој ден направете мал чекор напред

Воведувајте нови навики и размислувања, памтете ги добрите моменти, заблагодарете се… Ќе видите дека ситуацијата и не е толку лоша како што изгледа.

8. Размислувајте за искуствата кои сте ги стекнале благодарение на некоја ситуација

Секоја стресна и непријатна ситуација од која успешно сме излегле, со себе носи важна животна лекција, која пак ни дава искуство за во иднина полесно да се справуваме со тешките моменти.

9. Оставете ги нештата да поминат

Промените се секогаш добредојдени, но само за вас. Воопшто не е правилно да ги терате членовите од семејството или пријателите да го следат вашиот пример. За нив можеби важи и функционира нешто сосема различно од вашето. Сепак, тие ве сакаат и ќе имаат разбирање за вашите одлуки, сè додека не им наметнувате потреба да се менуваат поради вас.

10. Бидете си самите свој пријател

Секогаш бидете спремни да го признаете и да го прифатите поразот. Само на тој начин лесно ќе го надминете и ќе бидете подготвени за новите предизвици, кои со себе ќе донесат и успеси. Сепак и поразите се дел од важните животни лекции кои сите мораме да ги научиме.

Прочитајте уште 10 интересни факти за човековата психологија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар