Викендов во Дојран „Саунд оф грин“ и „Д Фествал“ покажаа висока еколошка свест

Викендов во Дојран „Саунд оф грин“ и „Д Фествал“ покажаа висока еколошка свест

Викендов во Дојран заврши музичкиот фестивал „Д Фестивал“ кој годинава на задоволство на сите присутни беше збогатен со музичката програма на веќе етаблираниот петти по ред фестивал „Саунд оф Грин“.

(1) Викендов во Дојран „Саунд оф грин“ и „Д Фествал“ покажаа висока еколошка свест

Покрај учеството на големиот број познати музички бендови неверојатниот музички вајб успеа да ги спои различните генерации на посетители. Она што беше вистински куриозитет на настанот е еколошката нота која Пакомак успеа да ја провлече низ овие два фестивалски дена. Како еколошки партнер на „Саундф оф грин“ нивната цел беше да ги мотивира посетителите да донесат 5 празни лименки или чаши на пултовите на „Пакомак“ а за награда секој еколошки одговорен учесник на фестивалот доби гратис пиво.

(2) Викендов во Дојран „Саунд оф грин“ и „Д Фествал“ покажаа висока еколошка свест

Ваквата акција имаше одличен одѕив кај посетителите и за само еден час беа собрани повеќе од 5.000 лименки. Целиот амбалажен отпад од трите фестивалски дена Пакомак се погрижи да заврши во кантите за рециклирање кои беа поставени низ цел камп и останатиот дел од Дојран.

„Ваквиот тип собирање на амбалажен отпад станува наша пракса бидејќи во минатото се покажа како многу успешен начин за селекција на отпадот погоден за рециклирање. Но се разбира тука има уште една придобивка и куриозитет, а тоа е што успеваме на младите да им влијаеме еколошки дури и во моменти кога се забавуваат, бидејќи нашата крајна цел е токму тоа, да сфатиме сите дека еколошката култура е дел од нашиот секојдневен животен стил и би требало сите ние да бидеме еколошки одговорни без многу напор. Им благодарам сите млади луѓе кои го прифатија нашиот предизвик и успешно одговорија на задачата“, изјави Филип Ивановски, директор на Пакомак-друштво за управување со пакување и отпад од пакување.

(3) Викендов во Дојран „Саунд оф грин“ и „Д Фествал“ покажаа висока еколошка свест

Активностите на Пакомак викендов беа диспензирани и во Прилеп каде напоредно се одвиваше Пивофест и со истата активност и тука беше собран значителен број на амбалажен отпад со што Пакомак успешно го затвори фестивалскиот викенд.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар