15 цитати од Ошо кои ќе ве натераат да размислите за животот, љубовта и среќата

15 цитати од Ошо кои ќе ве натераат да размислите за животот, љубовта и среќата

Ошо бил духовен учител кој патувал низ светот и зборувал за свесноста, љубовта и како да живеете исполнет живот. Неговите учења многу често се против она што го учиме во модерните општества. Многу од нас мислат дека ако ги постигнеме нашите цели и ако стекнеме материјално богатство ќе бидеме среќни. Но Ошо вели дека не е така. Наместо тоа ние треба да ја прифатиме личноста која навистина сме и дури тогаш ќе живееме исполнет живот. Погледнете некои од неговите најдобри цитати.

15-citati-od-osho-koi-kje-ve-nateraat-da-razmislete-za-zhivotot-ljubovta-i-srekjata-kafepauza.mk

За љубовта

„Ако сакате некој цвет, немојте да го наберете. Ако го направите тоа, цветот ќе умре и она што сте го сакале повеќе нема да постои. Затоа ако сакате некој цвет, оставете го. Љубовта не е имањето, љубовта е ценењето.“

„Со вљубувањето, вие останувате дете; со растењето на љубовта, вие созревате. Со текот на времето љубовта не станува врска, таа станува состојба на вашето постоење. Вие не сте вљубени – вие сте љубов.“

За искусувањето на сите емоции

„Искусете го животот на секој можен начин: добро/лошо, слатко/горчливо, темно/светло, лето/зимо. Искусете ги сите двојности. Немојте да се плашите од искуството бидејќи колку повеќе го имате, толку повеќе созревате.“

„Тагата дава длабочина. Среќата дава висина. Тагата дава корења. Среќата дава гранки. Среќата е како дрво кое се издигнува кон небото, а тагата е како корењата кои одат длабоко во земјата. И двете се потребни, колку повисоко расте дрвото, толку подлабоко одат корењата. Колку е големо дрвото, толку се големи и корењата. Всушност тие секогаш се во пропорција, тоа е нивната рамнотежа.“

За креативноста

„Да бидете креативни значи да бидете вљубени во животот. Можете да бидете креативни само ако го сакате животот толку многу што сакате да го направите поубав. Сакате да внесете повеќе музика во него, повеќе поезија во него, повеќе танцување во него.“

„Креативноста е најголемиот бунтовник што постои.“

За едноставната тајна за среќа

„Тоа е едноставната тајна за среќа. Што и да правите, не дозволувајте минатото да помине низ вашиот ум, не дозволувајте иднината да ве вознемирува. Бидејќи минатото повеќе го нема, а иднината сè уште не е овде. Живеењето во сеќавањата, живеењето во фантазиите е живеење во нешто што не постои. А кога живеете во нешто што не постои, го испуштате она што постои. Нормално дека ќе бидете мизерни бидејќи ќе го испуштите целиот ваш живот.“

За пријателството

„Пријателството е најчистата љубов. Тоа е највисоката форма на љубов каде што ништо не се бара за возврат, нема услови, нешто каде што едноставно уживате да давате.“

За интуицијата

„Слушајте го вашето битие. Тоа постојано ви дава насоки – тоа е мал мирен глас. Тоа не ви вика. Ако сте малку тивки ќе почнете да го чувствувате. Бидете личноста која сте. Никогаш не се обидувајте да бидете некој друг и ќе созреете. Зрелоста е прифаќањето на одговорноста да бидете свои без разлика на цената. Ризикувајте сè за да бидете свои, тоа е смислата на зрелоста.

За стравот

„Животот почнува таму каде што завршува стравот.“

За поплочување на сопствениот пат

„Едно нешто: мора да се движите и да го создавате вашиот пат со движење. Нема да најдете веќе поплочен пат. Не е толку лесно да стигнете до сфаќањето на вистината. Ќе мора сами да го создадете патот. Исто е како со небото, птиците летаат, но не оставаат патека, не можете да ги следите.“

„Се чувствувате добро, се чувствувате лошо и овие чувства произлегуваат од вашата потсвест, од вашето минато. Никој не е одговорен освен вие самите. Никој не може да ве налути или да ве направи среќни.“

„Преземете ја контролата на вашиот живот. Видете дека целото постоење слави. Овие дрва не се сериозни, овие птици не се сериозни. Реките и океаните се диви и секаде е забавно, секаде има радост и среќа. Гледајте го постоењето, слушајте го и станете дел од него.“

За вистинските вие

„Исфрлете ја помислата да станете некој бидејќи вие веќе сте ремек-дело. Не можете да бидете подобрени. Треба само да го сфатите ова.“

„Секоја личност доаѓа на овој свет со одредена судбина – тој/таа има нешто што треба да го исполни, порака што треба да ја пренесе, некоја работа што треба да ја заврши. Вие не сте случајност, вие сте овде со цел. Целото се обидува да направи нешто преку вас.“

„Вистината не е нешто надворешно што треба да се открие, вистината е нешто однатре што треба да се сфати.“

За несовршеноста

„Јас го сакам овој свет затоа што е несовршен. Несовршен е и затоа расте, ако беше совршен ќе беше мртов. Растењето е можно само ако постојат несовршености. Сакам да се потсетувате, одново и одново, дека сите сме несовршени, целиот универзум е несовршен и да ја сакате оваа несовршеност треба да биде вашата цел.“

Прочитајте го и неговото мислење за несреќата во браковите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар