Индиски гуру открива зошто браковите се несреќни: Сите ние сме обични просјаци за љубов!

Ошо, индиски гуру познат и по името Рајниш, останал запаметен по мудрите совети, изреки и учења. Тој одамна ја опишал и човечката потреба за љубов, на сосема друг начин од оној кој нам ни е познат. Прочитајте го текстот во продолжение и размислете добро.

Гуру открива зошто браковите се несреќни и зошто луѓето не ве сакаат: Сите ние сме обични просјаци за љубов!

Вие сакате некој да ве сака, па ако ве сака, се чувствувате добро. Но, она што не го знаете е тоа што другите ве сакаат само затоа што сакаат и вие да ги сакате нив. Тоа е исто како кога некој фрла мамка за риби: Тој не ја фрла за да јадат рибите, туку за да ги улови. Тој не сака да ги нахрани нив, туку тоа го прави затоа што сака да ги фати. Сите луѓе околу вас кои ги гледате дека се заљубени, тие само ја фрлаат мамката за да дофатат љубов. Тие на еден момент ќе ја фрлат мамката, додека другата личност не почне да чувствува дека тука постои можност за да добие љубов. Тогаш и таа ќе почне да се покажува, додека и двајцата не сфатат дека се просјаци.

Тие направиле грешка: Секој од нив мислел дека другата личност е неверојатна. Во еден момент и двајцата сфаќаат дека немаат добиено љубов еден од друг, па тогаш настанува непријателството. Поради тоа за брачниот живот се вели дека е пекол, затоа што сите вие сакате љубов, но не знаете како да ја дадете. Тоа е основната причина за сите конфликти. Сѐ додека не се случи она за што ви зборував, односот помеѓу мажот и жената никогаш нема да биде хармоничен, без оглед на тоа какви усогласувања да направите, каков брак ќе имате и без оглед на тоа какви правила ќе ви наметне општеството. Единствениот начин да го подобрите односот е да сфатите дека љубовта само може да се дава, но не и да се бара. Што и да примите, тоа е благослов, не е награда за љубовта. Дури и ако ништо не добиете, вие ќе бидете среќни што сте биле во можност да подарите.

Овој индиски гуру нуди и мудри совети кои ќе ви ја разбудат свеста!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар