13 вистински настани што ни докажуваат дека работното место не мора да биде здодевно

Одлично е кога мали интересни работи се случуваат на работното место бидејќи тие стануваат дел од приказните за тоа место. Погледнете неколку вистински приказни кои покажуваат дека без разлика што работите, може да ви биде забавно.

13-sluchki-koga-rabotnoto-mesto-bilo-sprotivno-od-zdodevno-kafepauza.mk

„Кога работев како келнер во еден ресторан, имаше еден ден кога не се појави ниту еден гостин до 8 часот вечерта, па јас заспав на една од масите. Се разбудив бидејќи некој ми го штипкаше образот. Ги отворив очите и видов убава девојка која ми рече „Убавецу, сакам јадење.““

„Кога работев како оператор во еден такси сервис, многу често наместо да кажам здраво, го кажував поздравот кој го користев на работното место. Врвот беше кога на возачот на автобусот наместо да му речам да застане, јас на цел глас викнав: Такси сервис, имајте убав ден!“

„Едноставно ја сакам гужвата во метрото! Неверојатно е чувството кога луѓето се ‘смачкани’ во вагоните, а јас си седам удобно. Инаку јас сум возачот на возот.“

„Најдобрите денови на работа се оние кога ќе го прашате колегата како е презимето на Шекспир, а тој ќе ви одговори Вилијам, и потоа си продолжувате со работата.“

„Имам 30 години, сопруга, високо образование и две работни места. И едноставно ги сакам Пингвините од Мадагаскар. Секој го знае ова и се шегува. Не поминува ниту една прослава без да добијам филџан или блуза со овие пингвини. Убаво ми беше што сите ме разбираат, но најинтересно беше кога мојот шеф дозна за мојата страст и почна да ми наредува: „Потребно ни е ова и ова. Ковалски, кажи ги твоите опции!“

„Јас работам како учителка. Еднаш дојде еден татко кој не ја знаеше ни групата, ни учителката. Но тој покажа колку е високо девојчето што го бара и го кажа нејзиното име. Проблемот беше што никој од нас не познаваше такво девојче. После долго испрашување, излезе дека човекот го барал училиштето од другата страна на улицата.“

„Јас сум учителка по Шпански во еден центар за јазици. Навистина е интересно кога ги гледам возрасните мажи во скапи костуми како срамежливо гледаат во земјата и велат: ‘Не ја напишав домашната.’“

„Работам во аптека во болница и еднаш влезе еден огромен маж и ми побара фластер за местото каде што му зеле крв. Му кажав дека имаме само за деца и дека на нив има ликови од цртани. Тој размисли некое време и ми побара фластер со еже.“

„Шефот ме испрати на одмор откако се појавив на состанок во 9 наутро со влечки и сако врз пижамите.“

„Јас сум шеф на една компанија. Имаше интересна случка со мојата секретарка кога ме замоли да ја пуштам порано. Ја прашав зошто и таа ми рече дека не јадела после 6, но нејзината ќерка ѝ направила торта. Се разбира дека ја пуштив да си оди.“

„Сфатив дека ми е потребен одмор кога стоев 10 минути пред влезот на мојата зграда и се обидував да ја отворам вратата со картичката од работното место.“

„Како дете сонував да бидам како Хермиона и чекав писмо од Хогвартс. Поминаа 10 години, и сега на работното место неколку пати дневно слушам „Ти си волшебничка!“ кое ми е упатено мене.“

„Седев во мојата канцеларија и еден маж влезе и рече: „Роџер? Роџер Бурк?“ Го погледнав и го прашав дали може да побарам некој за него. Тогаш тој повторна праша: „Дали ти си Роџер Бурк?“ Јас сум женско.“

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар