15 признанија на луѓе кои зажалиле за нивната пластична операција

15 признанија на луѓе кои зажалиле за нивната пластична операција

Многу луѓе се несигурни за својот изглед, а ова е најчесто поради некои ситни недостатоци кои само тие ги забележуваат. Благодарение на пластичната хирургија, денес луѓето се во можност да ги поправат недостатоците кои не им се допаѓаат. Но нештата не секогаш излегуваат по план.

15-priznanija-na-lugje-koi-zazhalile-za-nivnata-plastichna-operacija-kafepauza.mk

Во реалноста, она што го сметаме за недостаток се само некои работи кои општеството не научило да ги прифати. А сепак, неколку години подоцна она што се сметало за грдо најверојатно ќе стане тренд, а ова постојано ги тера луѓето да сакаат да променат нешто кај себе. Погледнете неколку исповеди на луѓе кои зажалиле за одлуката да направат пластична операција.

1. Ми го уништи животот

„Си ставив инпланти во градите. Ова беше катастрофа и ми го уништи животот.“

2. Не требаше да го направам тоа

„Сега ми е криво што потрошив 17.000 долари за неуспешни операции на носот и на очните капаци. Некои лекари не треба да имаат дозвола за оперирање.“

3. Навистина ми е криво

„Криво ми е што направив пластична операција. Примав лекарска терапија кога одлучив да ја направам.“

4. Го менува начинот на кој ве третираат другите

„Баш и не ми е криво што направив операција на носот, но секогаш се прашувам дали некое момче би ми прозборело ако уште го имав мојот грд нос. После ваквите операции луѓето навистина почнуваат различно да се однесуваат со вас.“

5. Бев заслепена од општеството

„Навистина ми е криво што направив операција. Бев толку убава пред тоа…“

6. Не се препознавам

„Направив операција на носот бидејќи навистина бев несигурна поради него. Сега посакувам никогаш да не го сторев тоа. Веќе не можам да се препознам.“

7. Повеќе не излегувам на состаноци

„Веќе не се гледам со никој поради стравот дека ќе бидам одбиена заради инплантите во моите гради. Многу ми е криво.“

8. Направив огромна грешка

„Секогаш ме задеваа за пегите на моето лице, па направив операција за да ги отстранам. Сега ми е криво. Тие ме правеа уникатна.“

9. Реакциите на луѓето ме уништија

„Жал ми е што направив пластична операција. Ми се допаѓа како изгледам, но го мразам начинот на кој другите реагираат кога ќе им кажам.“

10. Многу е болно

„Почнува да ми станува криво што направив операција на градите. И сето тоа поради болката. Не знаев дека олку многу ќе боли. Само се надевам дека ќе помине брзо.“

11. Не вреди

„Жал ми е што направив липосукција. Болката беше неподнослива, а воопшто не вреди.“

12. Природниот изглед е секогаш најдобар

„Потрошив 7.000 долари за липосукција кога наполнив 22 години. Резултатот траеше само 6 месеци а не ни изгледаше толку добро. Едноставно требаше да почнам да вежбам.“

13. Сè се врати

„Направив липосукција и тоа беше само трошење пари. Сите масти се вратија.“

14. Преголеми се

„Си ги зголемив градите пред 7 години. Сега малку се поправив, а со тоа градите уште толку ми се зголемија. Криво ми е за сè.“

15. Го направив за други, не за мене

„Направив операција на носот бидејќи постојано ме малтретираа за неговиот изглед. Најголема грешка во мојот живот. Не требаше да си го менувам изгледот за другите.“

Погледнете и некои од тајните на пластичните хирурзи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар