Сите тајни на пластичните хирурзи: „Понекогаш мислиме дека сте луди!“

Колкупати досега сте се запрашале дали естетската хирургија е навистина делотворна кога се во прашање популарните третмани како што се липосукцијата и отстранувањето на целулитот и дали постојат некои други делотворни методи кои можат да се применат наместо овие инвазивни, но и скапи процедури? На овие прашања искрено одговараат некои од најголемите експерти од оваа професија.

1-site-tajni-na-plastichnite-hirurzi-ponekogash-mislime-deka-ste-ekstravagantni-www.kafepauza.mk_

„Жал ни е, не постои третман кој во целост го отстранува целулитот!“

„Другарките и познаниците отсекогаш ме прашуваат дали постои добар третман кој го отстранува целулитот, и мојот одговор е секогаш ист: Не! Па така, на пример, во многу познатата метода наречена целулиза, се користи интензивен ласер, а поголемиот дел од луѓето не се свесни дека секој пат кога ќе се изложат на вакви интензивни третмани, постои ризик од инфекции. Овие ризици се ниски, но и понатаму постојат, а притоа морате да ја земете и цената предвид, која воопшто не е ниска, па третманот се наплаќа и по неколку илјади долари. По сè ова, резултатите воопшто не се доволно импресивни“, вели Бери Коен, професор по медицина, доктор по реконструктивна и пластична хирургија, член на Американското здружение на пластични хирурзи.

„Спијте на грб!“

„Ова е најдобрата работа која можете да ја направите за брчките на лицето. Доколку спиете на страна или на стомак, ќе имате подлабоки брчки на онаа страна на лицето која се ослонува на перницата, особено кога се во прашање линиите околу усните. Колку и да ве изгледа неверојатно, па и неизводливо, овој начин на спиење не врши дополнителен притисок на вашата кожа и навистина е делотворен. Меѓутоа, доколку ви е премногу тешко да ја усвоите оваа навика, тогаш заменете ја памучната перница со свилена или сатенска. Овие ткаенини се поблаги за кожата на лицето“, објаснува Едвард Х. Фариор, доктор за пластична хирургија специјализиран за подрачјето на лицето, некогашен претседател на Американската академија за пластична и реконструктивна хирургија на лицето.

2-site-tajni-na-plastichnite-hirurzi-ponekogash-mislime-deka-ste-ekstravagantni-www.kafepauza.mk_

„Понекогаш мислиме дека сте луди!“

„Пријателите честопати ме прашуваат дали би требало да направат некоја корекција на лицето. Една познајничка потполно непотребно беше опседната со поправка на малите и едвај забележливите испакнувања на носот, а друг познајник, залуден од идејата да ги оперира ушите, сметајќи дека премногу стрчат. Ниту една од овие неправилности јас никогаш не сум забележал. Во таквите ситуации им велам: ‘Оставете го вашето лице на мир, бидејќи кога еднаш ќе заминете во тој правец, никако добро нема да излезе од тоа.’ Луѓето стануваат опседнати и од најмалите неправилности, кои во некои случаи имаат позитивно влијание, бидејќи само тие ги гледаат како лоши. Кога не ми веруваат дека е така, им ја покажувам својата брада и ги прашувам дали забележуваат нешто необично и неправилно, а тие секогаш одговараат со не, но потоа им покажувам една мала и чудна асиметрија за која само јас сум свесен.“, кажува Едвин Вилијамс, доктор за пластична хирургија специјализиран за областа на лицето, претседател на Американската академија за пластична и реконструктивна хирургија на лицето.

„Отстранувањето вишок кожа од стомакот е сериозна хируршка интервенција!“

„Оваа интервенција е позната и под името ‘Tummy tuck’, а подразбира отстранување на вишокот кожа и сало од долниот дел на стомакот, поради што е сè популарна помеѓу жените кои неодамна родиле. Некои мајки кои ги познавам и не кријат дека биле на овој вид пластична операција – тоа повеќе не се смета за срамота, како што беше порано. Но, важно е да разберете дека ова не е брза и лесна интервенција. Потребно е некое време за телото да се оправи. Поголемиот дел од отокот се намалува во првите неколку недели, но обично е потребно од шест до осум недели за надуеноста на кожата сосема исчезне. Може да помине и до година дена додека белегот, кој обично се протега од едниот колк до другиот, да исчезне и конечниот резултат да стане видлив. Многу луѓе не го знаат тоа“, вели Анурет К. Бајај, доктор од Оклахома, пластичен хирург и член на Американската асоцијација на пластични хирурзи.

3-site-tajni-na-plastichnite-hirurzi-ponekogash-mislime-deka-ste-ekstravagantni-www.kafepauza.mk_

„Сериозно оттргнете се од цигарите и лежењето на сонце!“

„Имав пациентка на која ѝ беа потребни многу реконструкции на лицето, но ѝ кажав дека нема да ја оперирам сè додека не го остави пушењето, макар шест месеци. Кога се врати на преглед после интервенцијата, белезите не ѝ зараснаа како што треба. Веднаш знаев дека повторно почнала да пуши. На пријателите и на членовите на семејството секогаш им кажувам дека само со еден поглед може да откриете дали некој пуши – дури и ако се во прашање само неколку цигари дневно. Кожата многу пати поради пушењето, и сонцето полесно ја оштетува. Ако еден близнак поминува многу време на сонце, а другиот го избегнува, ќе изгледа како едниот близнак да е постар за 10 години од другиот. Тргнете се од сонцето и престаните со пушењето! Тоа се најлесните начини за одржување младешки изглед на кожата“, вели др. Едвин Вилијамс.

„Липосукцијата никогаш нема да биде замена за вежбањето!“

„Луѓето секогаш ме прашуваат колку килограми ќе изгубат со помош на липосукцијата. Тоа е голема заблуда. Липосукцијата е процедура за обликување – не нешто што магично ќе ве направи послаби. Нема многу хирурзи кои тоа јасно им го ставаат до знаење на пациентите. Зборував со пријатели за случаи каде што докторите на своите пациенти им ветуваат неверојатни резултати кои едноставно не се возможни. Уште полошо, знам и луѓе кои после операцијата биле незадоволни со резултатите. Килограмите се губат со вежбање и диети. Ако пациентот сака да изгуби многу килограми, ќе му кажам да соработува со нутриционист помеѓу шест месеци и година дена пред да започнеме со зафатот. Морате да имате идеална тежина, или нешто блиско до тоа, пред липосукцијата, бидејќи само така ќе добиете најдобри резултати“, истакнува Скот Бредли Гласберг, доктор, претседател на Американското здружение на пластични хирурзи.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар