12 нешта кои ќе ги разберат само оние луѓе кои чуваат големо куче

Кучињата се полни со љубов, без разлика на нивната големина или возраст. Тие ќе бидат покрај вас во најдоброто, но и во најлошото. Единствената мисија која ја имаат на оваа планета е да ве направат среќни и да ве натераат што е можно повеќе време да поминете со нив. Но, кога станува збор за големи кучиња, понекогаш работите не се толку едноставни. Погледнете ги следниве 12 нешта кои можат да ги разберат само оние кои чуваат големи кучиња…

15 нешта кои ќе ги разберат само оние луѓе кои чуваат големо куче

1. Кога го шетате вашето куче, луѓето прават сè што е во нивна моќ за да ви се тргнат од патот, дури и кога тоа е на ланец. Вие знаете дека понекогаш големите кучиња изгледаат страшно, но не ви е јасно зошто луѓето веднаш помислуваат дека тие би сакале да ги повредат.

2. Често ве прашуваат дали каса пред да се осмелат да му се приближат. И вие секогаш им одговарате дека не каса, но дека има шанси да ве лиже до смрт.

3. Вашиот мобилен телефон е преполн со слики од вашето куче. Бидејќи вие го имате најслаткото куче на оваа планета!

4. Кога кучето седи пред вас, мавтајќи со опашката за да ви го привлече вниманието, вашето срце се топи. Сериозно, кој може да одолее на тие слатки кучешки очиња?

5. Вашето куче е толку возбудено кога ќе се вратите дома, што по секое пречекорување на прагот, тоа скока врз вас и вие скоро инстантно се наоѓате на земја. И воопшто не му се лутите, дури и кога целото ваше тело е прекриено со модринки.

6. Прошетката на кучето се претвора во вежба за цело тело. Дали знаете колку многу енергија е потребна за да го задржите големото куче кое намислило да направи нешто друго? Премногу!

7. Кога тоа ги менува забите, ниту еден објект во вашиот дом не е безбеден. Дури ни креветчето на вашето куче. Но, како можете да се лутите на нешто толку мало и слатко?

8. Но, она што е најинтересно е дека овие кучиња се неодоливи дури и кога ќе пораснат. Само што тогаш можете поубаво да ги прегрнувате.

9. Понекогаш кога си играат со други големи кучиња изгледаат застрашувачко. И вие не сте сигурни дали тие така си играат или станува збор за нешто посериозно.

10. За разлика од надвор, во вашиот дом тие секогаш се однесуваат најдобро што можат. Ех, да можеа сите оние исплашени случајни минувачи да видат какви ангели чувате кога сте дома.

11. Вие не смеете ни да помислите да јадете без да споделите и со нив. Тие немаат проблем да се качат на било која површина во вашиот дом, па токму затоа и нема каде да им избегате. Дури и да успеете да се скриете некаде вон нивниот дофат, вие со сигурност нема да можете да одолеете на нивните тажни, гладни очички кои упорно ве гледаат без да трепнат.

12. Вие никогаш нема да најдете подобар пријател. Тие се тука за вас кога сте среќни, но и кога сте тажни. Понекогаш го гледате и се прашувате како некогаш сте можеле да живеете без вашето куче.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар