10 интересни факти за Гугл

Прочитајте неколку не толку познати информации за најпопуларниот прелистувач на светот…

10 забавни факти за Гугл

1. Гугл проценува дека реклама на почетната страница на пребарувачот би чинела 10 милиони долари. Просторот не е за продажба.

2. Името Google е всушност погрешно спелување на зборот googol – математички израз за бројот 1 проследен со 100 нули.

3. Тематските логоа на пребарувачот стартуваа во 1998 година, со човече поставено зад логото. Целта била да ги информираат корисниците, дека основачите заминале на фестивалот „Burning Man“ во Невада, САД.

4. Наместо косилка, компанијата изнајмува кози за да ја испасат тревата околу нејзиното седиште. Во 2009 година, изнајмила 200 кози.

5. Почетната страница на пребарувачот е достапна на повеќе од 80 јазици. Еден од нив е клингонскиот јазик од „Ѕвездени патеки“ (Star Trek).

10 забавни факти за Гугл

6. Гугл има сопствен диносаурус наречен Стен. Скелетот на T-Rex живее во седиштето на компанијата во Калифорнија.

7. Пребарувачот Јаху ја испушти шансата да го купи Гугл за 1 милион долари, во 1997 година. Денес тој вреди 200 милијарди долари, а Јаху само 20 милијарди.

8. Првиот твит на Гугл е: „I’m 01100110 01100101 01100101 01101100 01101001 01101110 01100111 00100000 01101100 01110101 01100011 01101011 01111001 00001010“. Кога бинарните броеви ќе се претворат во букви, тоа значи „I’m feeling lucky“.

9. Копчето „I’m Feeling Lucky“ го чини Гугл преку 100 милиони долари годишно.

10. Компанијата има повеќе од 1 милион сервери, односно 2 % од вкупниот број во светот. Може да се пофали и со над 1 милијарда пребарувања дневно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар