10 легендарни изгубени градови кои биле пронајдени - Part 2

10 легендарни изгубени градови кои биле пронајдени

6. Лептис Магна: Римскиот град закопан во песокот

(6)10-legendarni-izgubeni-gradovi-koi-bile-pronajdeni-kafepauza.mk

Лептис Магна бил родното место на императорот Септимус Северус. Тој го претворил градот во едно од најважните места во неговата империја, но со нејзиниот пад, и градот бил уништен. Лептис Магна поминал 1.200 години под песокот, сè до 19-тиот век кога бил пронајден. Градот бил многу добро зачуван и во него можете да видите амфитеатар, бањи, базилика и циркус кои изгледаат речиси исто како во неговите најдобри години.

7. Винланд: Земјата на Викинзите

(7)10-legendarni-izgubeni-gradovi-koi-bile-pronajdeni-kafepauza.mk

Постоела легенда според која Викинзите пловеле преку Атланскиот Океан и откриле земја во која сè растело без граници. Земјата ја нарекле Винланд. Викинзите ја пренесувале оваа приказна од генерација на генерација, иако никој не верувал дека е вистина. Но, во 1960-тите се открило дека Викинзите не измислувале. Археолозите пронашле остатоци од 11-тиот век кои се совпаѓале со приказната.

8. Хераклион: Потопениот египетски град

(8)10-legendarni-izgubeni-gradovi-koi-bile-pronajdeni-kafepauza.mk

Хераклион се појавува во речиси секој грчки мит. Ова е градот во кој Херкул ги направил првите чекори кога дошол во Африка. Ова е местото каде што Парис од Троја и Елена се криеле пред Тројанската војна. И се разбира, неговата локација била непозната. Излегло дека причината што градот не бил пронајден е тоа што се наоѓал под вода. Градот случајно е откриен од нуркачи во раните 2000-ти години. Пронајдени се цели статуи, накит, па дури и цел египетски храм, а голем дел од градот бил добро зачуван.

9. Ла Сидад Пердида: Изгубениот колумбиски град

(9)10-legendarni-izgubeni-gradovi-koi-bile-pronajdeni-kafepauza.mk

Пред околу 1.300 години, древниот народ наречен Таирона изградил неверојатен град по наредба на нивниот бог. Луѓето живееле овде околу 800 години, а потоа населението изумрело од болести. Целата цивилизација била заборавена со векови. Градот бил откриен во 1970-тите од група бандити кои оделе низ џунглата. Тие собрале сè што можеле, и пленот го продавале на црниот пазар. Токму ова им го привлекло вниманието на археолозите и градот конечно бил откриен.

10. Ла Сидад Бланка: Градот на Богот-мајмун

(10)10-legendarni-izgubeni-gradovi-koi-bile-pronajdeni-kafepauza.mk

Постои легенда за град полн со богатство скриен во џунглите и познат под името Белиот град, или Градот на Богот-мајмун. Иако постојат неколку неуспешни обиди за негово наоѓање, археолозите изгледа конечно успеале во тоа. Една група го следела патот кој им го покажал еден од луѓето кои тврделе дека ја знаат локацијата на градот, и тие навистина стигнале во некој град. Тие откриле пирамида изградена од цивилизација која исчезнала пред 1.000 години. Внатре се наоѓале камени ковчези полни со статуи, а архитектурата била неверојатна. Некои луѓе се сомневаат дека ова е познатиот град, но сепак ова е доказ за изгубена цивилизација на луѓе кои живееле во џунглата и чие постоење било заборавено со векови.

Прочитајте и нешто повеќе за изгубените светови и цивилизации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар