Мрачната историја на Денот на вљубените за којашто најверојатно не сте чуле досега

Денот на вљубените е одличен изговор за да се препуштиме на љубовта и романтиката. Иронично, но овој ден на розите, чоколадите и честитките во форма на срце имаат своја мрачна историја…

Мрачната историја на Денот на вљубените за којашто најверојатно не сте чуле досега

Како Денот на вљубените (Свети Валентин) го добил своето име?

Денот на вљубените го означува датумот на егзекуцијата на Свети Валентин од страна на римскиот император Клавдиј Втори за време на 3-тиот век од наша ера. Па, каков злочин извршил Свети Валентин за да си ја заслужи смртта? Најпопуларната теорија гласи дека тој венчавал војници и покрај тоа што бракот бил незаконски за нив. Наводно, императорот сметал дека љубовта и романтиката ги правеле војниците послаби.

Зошто Денот на вљубените се слави на 14-ти февруари?

Уште пред егзекуцијата на Свети Валентин, датумот 14-ти февруари се поврзувал со плодноста и крвта. Помеѓу 13-ти и 15-ти февруари, Римјаните го прославувале празникот на Луперкалија на тој начин што жртвувале коза и куче и потоа камшикувале голи жени, со цел да им ја зголемат плодноста. Во 5-тиот век од наша ера, папата Гелазиј Први го прогласил празникот Луперкалија за незаконски и официјално го прогласил 14-ти февруари за празник на Свети Валентин, односно Денот на вљубените.

Денот на вљубените како меч со 2 острици низ историјата

Како што минувале годините, Денот на вљубените почнал да се спојува со норманскиот празник „Денот на Галатин“ (Галатин значело „љубовник на жените“). Додека Џефри Чосер да го напише делото „Парламент на птици“ (Parliament of Fowls) во доцен 14-ти век, каде што Денот на вљубените се споменува како денот кога птиците си наоѓаат партнери, Денот на вљубените веќе влегол во јавната свест како ден поврзан со љубовта. Во доцниот 16-ти век, Вилијам Шекспир го споменал Денот на вљубените за да го претскаже самоубиството на Офелија во „Хамлет“.

Денот на вљубените во денешно време: Крв и рози

Иако Денот на вљубените и понатаму се поврзува со срца и цвеќиња, во последниот век, тој се поврзува и со крвопролевања и убиства. Ова се неколкуте крвави случаи што го обележале Денот на вљубените:

  • Масакрот на Денот на вљубените во 1929 година.
  • Нерешеното убиство на младите љубовници Џеси МекБејн и Патриша Ман што се случило на Денот на вљубените во 1971 година.
  • Нерешеното убиство на тинејџерите Николас Кунселман и Стефани Харт (кои биле во врска) на Денот на вљубените во 2000-та година.
  • Убиството на Рива Стинкамп извршено од страна на Оскар Писториус на Денот на вљубените во 2013 година.
  • Самоубиството на повозрасен пар во Алабама на Денот на вљубените во 2015 година.

Сепак, не би сакале да ви го расипеме расположението, така што наместо да мислите на мрачната историја на Денот на вљубените, почнете да размислувате како ќе го поминете денот со вашите сакани или што ќе правите дента доколку сте сингл.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар