Креативни состаноци за Денот на вљубените

Секоја година за 14-ти февруари се случува истото. Секој пар си има своја традиција… Некои одлучуваат да останат дома гледајќи романтичен филм, други излегуваат на романтична вечера каде што секогаш разменуваат црвени подароци со срциња, а некои пак не му придаваат големо значење на денот и не прават ништо поразлично од секојдневните излегувања. Доколку ви е здодеано од рутинските состаноци за Денот на вљубените, еве неколку идеи како можете без многу напор да го/ја оставите партнерот/ката без зборови.

Слатки бакнежи

Напишете му/ѝ покана за интимна вечера на интересна хартија, замотајте ја во ролна и заврзете ја со црвена машна. Купете различни видови мали чоколатца. Смислете различни видови бакнежи или побарајте идеи на интернет и одберете ги оние кои најмногу ви се допаѓаат. На мали ливчиња запишете по еден вид бакнеж и залепете ги врз чоколатцата. Спакувајте ги во кутија. После вечерата, за десерт понудете го партнерот со чоколатце. Потоа замолете го да ви го демонстрира бакнежот што му/ѝ се погодил. Продолжете наизменично да одбирате по едно чоколадно колаче и да ги испробувате бакнежите. Тие засекогаш ќе останат во вашите сеќавања.

Креативни состаноци за Денот на вљубените

Караоке настап

Напишете необична и забавна песна која ќе ја опишува вашата љубов кон партнерот. Најдете караоке верзија од неговата/нејзината омилена песна која ќе ви користи како матрица и ако сте доволно храбри однесете го партнерот на караоке забава, качете се на сцената и испејте му/ѝ ја песната. Настапот продолжете го така што ќе го повикате партнерот да ви се придружи во дует. Доколку сте посрамежливи, сè ова можете да го изведете и во домашна атмосфера. Вашата песна ќе остане во неговите/нејзините мисли долго време.

Креативни состаноци за Денот на вљубените

Серенада на гитара

Ако романтиката ви е појака страна еве една идеја која секогаш успева. Замолете пријател (кој знае да свири на гитара) да биде ваш личен келнер вечерта. Во трпезаријата украсете малку да изгледа како да е приватен дел од елитен ресторан, а на масата поставете свеќи и цвеќиња. За време на десертот, побарајте од пријателот да ја отсвири омилената песна на вашиот партнер. Тој/таа никогаш нема да ја заборави серенадата.

Креативни состаноци за Денот на вљубените

Заедничка топла бања

Исецкајте различни видови овошје и пуштете музика. Запалете оган во каминот (или загрејте друго грејно тело), поставете ги пешкирите блиску до него и истуширајте се заедно. Кога ќе завршите, завиткајте се во топлите пешкири и наместете се покрај каминот. Замолете го партнерот да ги затвори очите и почнете да му давате од овошјето. Неговата/нејзината задача ќе биде да погодува за каков вид овошје се работи. Романтичноста на овој состанок ќе остане долго време во вашите сеќавања.

Креативни состаноци за Денот на вљубените

Со превез на очите до прекрасно место

Веднаш кога ќе пристигнете пред домот на вашиот партнер заврзете му/ѝ ги очите и однесете го/ја на сосема неочекувано место. Може да биде на некој планински предел со убав поглед на градот, покрај река или езеро… Какво било место што ќе остави голем впечаток откако ќе биде тргнат превезот од очите. Прошетката ќе биде незаборавна за него/неа.

Креативни состаноци за Денот на вљубените

Вашиот прв состанок

Пробајте да го рекреирате вашиот прв состанок. Облечете ја истата облека што ја носевте, одете по истиот пат до местото каде што бил вашиот прв бакнеж. Доколку сте биле на кафе или на вечера, нарачајте го истото како и тогаш. А како поклон подгответе мал албум со слики од поважни настани со интересни посвети. Ова е совршен начин да се потсетите зашто сте заедно за Денот на вљубените.

Креативни состаноци за Денот на вљубените

Зајдисонце под отворено небо

Испратете до партнерот разгледница на која има прекрасно зајдисонце. На неа напишете тој/таа да се облече во многу топла облека. Потоа со кола отидете до езеро или до река во близина и доколку дозволуваат условите, постелете ќебе на земјата и имајте пикник на зајдисонце. Кога ќе завршите со јадењето извадете од колата вреќи за спиење и наместете се да ги гледате ѕвездите. Моментите за време на зајдисонцето и отвореното небо ќе бидат оние што тој/таа ќе ги памти многу долго време.

Креативни состаноци за Денот на вљубените

Необичен љубовен состанок

Испланирајте комплетно необичен состанок за Св. Валентин. Одете на билјард, куглање, пеинтбол, во музеј… Или пак на кое било друго место за кое сте разговарале со партнерот, меѓутоа никогаш не сте нашле време да отидете. Можеби вашето идно заедничко хоби ќе започне токму оваа вечер.

Креативни состаноци за Денот на вљубените

Потрага по скриеното богатство

Нацртајте кратка и едноставна мапа за вашиот партнер. На поголем картон нацртајте „X“ и исечете го по неговите линии. Замолете ваш пријател непосредно пред состанокот да ја однесе мапата до домот на вашиот партнер, а вие за тоа време отидете до целта, земете го знакот во едната рака, големо чоколадо во другата и почекајте да бидете пронајдени. Тој/таа одлично ќе се забавува за време на потрагата.

Креативни состаноци за Денот на вљубените


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар