10 ѕвезди кои иствремено се и доктори на науки

10 ѕвезди кои иствремено се и доктори на науки

Славните личности вообичаено се поврзуваат со гламур и површност. Тие се познати по нивните социјални способности да се поврзат со публиката преку некаков талент кој вообичаено вклучува глумење, танцување, пеење или комбинација од сите. Но, донекаде изненадувачки, има голем број славни личности кои покрај убавина и мускули, поседуваат и мозок. Овие 10 познати личности со титула доктор на науки се успешни во она што го работат, а повеќето се музичари и актери.

Брајан Меј: Доктор на науки од областа на астрофизиката

(9)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mk

Британскиот музичар, текстописец и продуцент Брајан Меј станал доктор на науки од областа на астрофизиката во 2007 година. Најмногу познат како гитарист на славните Queen, тој студирал физика и математика на колеџот Империјал, кој е дел од Универзитетот Хемптон во Лондон. Тој изјавил дека му биле потребни повеќе од три децении за истражување на својата теза: Истражување на радијалните брзини во соѕвездието Зодијак.

Роберт Вон: Доктор на науки од областа на комуникациите

(8)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mk

Актерот Роберт Вон се прослави со улогата на Наполеон Соло во американската ТВ серија „The Man from U.N.C.L.E.“ која се емитуваше во периодот од 1964 до 1968 година. Две години подоцна, во 1970 година тој се стекнува со титула Доктор од областа на комуникациите на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Тој е еден од ретките славни личности кои имаат титула доктор во истата област во која станал славен, поточно драмата. Вон ја објавил својата докторска дисертација како книга со наслов „Единствени Жртви: Студија за уцените во шоу бизнисот“.

Бил Козби: Доктор на науки од областа на образованието

(7)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mk

Еден од најпознатите светски комичари, американскиот актер, музичар, телевизиски продуцент и писател, Бил Козби, ги завршил докторските студии по завршувањето на славната серија „Шоуто на Бил Козби“. Неговата докторска дисертација гласела: „Интеграција на визуелните медиуми преку Дебелиот Алберт и децата на Козби во наставната програма на основните училишта како помош при учењето и можност за проширување на знаењето.“ Тој исто така добил и многу почесни дипломи, вклучувајќи и девет докторати.

Шекил О’Нил: Доктор на науки од областа на образованието

(6)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mk

Прославениот кошаркар и четирикратен НБА шампион Шекил О’Нил се откажал од своите студии за да може да се посвети на кошарката. Но, штом му се пружила можност тој веднаш се вратил на студирањето и во 2012 станал доктор на науки од областа на образованието на Универзитетот Бери во Флорида. Тој исто така сака и во брзо време да ги заврши студиите по право.

Питер Велер: Доктор на науки од областа на италијанската ренесансна историја на уметноста

(5)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mk

Најмногу познат по својата улога во „Робокап“, актерот Питер Велер поседува магистерска диплома од Универзитетот Сиракуза од областа на римската и ренесансната уметност, како и титула доктор на науки од областа на италијанската ренесансна историја на уметноста од Универзитетот во Калифорнија. Велер ги започнал студиите за докторат во 2007, а докторатот го примил за време на официјалната конвенција за „Ѕвездени Патеки“, која се одржала во Лас Вегас во 2014 година.

Френк Бел Рајан: Доктор на науки од областа на математиката

(4)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mk

Поранешниот професионален спортист, Франк Бел Рајан, ја завршил својата кариера во НФЛ пет години откако се стекнал со титула доктор на науки од областа на математиката, доделена од Универзитетот Рајс во 1965 година. Му биле потребни седум години за да ги заврши постдипломските и докторските студии, а за тоа време станал и професор – асистент на институтот за технологија. Рајан продолжил да предава до 1974, по што основал своја компјутерска компанија.

Кен Џенг: Доктор на науки од областа на медицината

(3)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mk

Комичарот Кен Џенг е познат по улогата на Лесли Чо во филмовите „Мамурлакот“. Тој немал намера да стане актер и по професија е лиценциран доктор, со титула доктор на науки од областа на медицината. Откако дипломирал во 1995, неколку години работел како доктор, додека неговата сопруга нѐ го убедила да стане актер.

Декстер Холанд: Доктор на науки од областа на билогијата

(2)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mk

Декстер Холанд е музичар, текстописец и пејач во панк рок групата The Offspring. Декстер Холанд е доктор на науки од областа на молекуларната биологија. Оваа титула му била доделена од Универзитетот во Јужна Калифорнија. Холанд бил најдобар математичар во средно училиште. Има изјавено дека студиите се возбудливи исто како панкот. Во 2013 се запишал на втори докторски студии, каде што продолжувал да истражува области од молекуларната биологија и болести како вирусот ХИВ.

Мајим Биалик: Доктор на науки од областа на медицината

(1)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mk

Позната по својата улога како д-р Ејми Фара Фаулер, во познатата серија „Теоријата на Биг Бенг“, актерката Мајим Биалик е доктор на науки од областа на неврологијата. Титулата ѝ била доделена од Универзитетот во Калифорнија. Нејзината специјалност е активноста на хипоталамусот кај пациентите кои страдаат од синдромот Прадер – Вили.

Грег Графин: Доктор на науки од областа на зоологијата

Американскиот музичар и продуцент Грегори Вокер Графин е доктор на науки од областа на зоологијата. Тој ја добил дипломата од Универзитетот Корнел во Калифорнија, на полето на антропологијата, еволуциона биологија и геологија. Насловот на неговата дисертација бил: „Еволуција, монизам, атеизам и натуралистички поглед на светот: Перспективите од еволуционата биологија.“ Тој е познат како пејач во панк бендот Bad Religion, група што ја формирал заедно со неговите средношколски пријатели кога имал 15 години.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар