Тест: Дали треба да се опуштите?

Како го живеете вашиот живот? Дали сте спонтани или пак, дури и најмалите ситници ви се испланирани? Можеби пак, сте ја нашле совршената средина помеѓу овие две крајности? Решете го следниов тест и дознајте…

Тест: Дали треба да се опуштите?

1. Се движите кон вашиот омилен ресторан, каде што треба да се најдете со вашата пријателка, но таа ви испраќа порака да пробате некој нов тајландски ресторан. Вие ѝ одговарате:

а) Може! Или можеби треба да пробаме кинеска храна? Или суши? Ах, не знам!

б) Хм… Во ред! Мразам зачинета храна, па затоа ќе јадам само ориз.

в) Не сум за тоа, ама пак ќе ги прифатам твоите промени на планот во последен момент, иако знаеш дека го мразам тоа.

2. Во улога на деверица, вие најчесто ги исполнувате вашите должности така што:

а) Ох леле, имам некои должности?

б) Стискам заби и правам сè што е потребно… Покрај неколку чашки шампањ, можеби и повеќе одошто би требало.

в) Праќам голем број мејлови до останатите деверици со инструкции изработени во Ексел за секоја од нив да си ја знае својата задача.

3. Од 3-те женски ликови во ТВ серијата „Пријатели“, вие најмногу се идентификувате со:

а) Фиби, бидејќи нема никаков животен план.

б) Рејчел, затоа што е алфа во женскиот свет.

в) Моника, бидејќи… Еј, кој го истурил тоа на масата?

4. На забавите, вие најчесто:

а) Разговарате со девојка која случајно се нашла зад вас во редот за тоалет и ја оставате вашата пријателка сама.

б) Тивко ги озборувате останатите луѓе во просторијата, заедно со вашата најблиска екипа.

в) Започнувате напната дебата за кризата во друштвото со момчето кое ви понудило пиво.

5. Вашиот дечко се обидува да ве убеди да се извлечете од работа и да одите со него на продолжен викенд. Вашиот одговор?

а) Само викенд? Ајде да одиме цела недела!

б) Имам тон обврски кои треба да ги завршам, но… Ајде, зошто да не?

в) Некои од нас имаат сериозни обврски. Не се занесувај.

  • Одговори

    Најмногу одговори под А – Лесни како перо

    Вас не е тешко да ве сакаат, бидејќи секогаш сте расположени за секоја идеја. Но, многу сте непостојани и тешко ви е да останете доследни на вашите ставови. Наместо да ги прифаќате сите каприци на вашите пријателки, одвреме-навреме послушајте ја и вашата интуиција. Не значи дека ќе се претворите во диктатор само затоа што и вие понекогаш сакате да изберете место за кафе.

    Најмногу одговори под Б – Флексибилни, но не по ваша волја

    Вие сте горди на вашата спонтаност. Но, кога ќе ве понесе силна струја, а вие јурите со главата надолу, се претворате во мрзливи полноглавци. Наместо да објаснувате колку би сакале да сте кажале не, обидете се да ги утврдите приоритетите околу кои вреди да се прави компромис (правење маички за моминската вечер) и оние кои не вредат за тоа (идентични неонски маички со имињата на сите девојки присутни на моминската вечер).

    Најмногу одговори под Ц – Крути како даска

    Вие сте лојални и доследни на вашите принципи, што е доказ за вашата свесност за себе. Но, кога вашите пријатели во одредени ситуации не ги достигнуваат вашите стандарди, вие умеете да бидете малку критички настроени и да се дистанцирате од нив. Опуштете се малку и обидете се да научите да бидете пофлексибилни. Кога некој ќе ви каже да оладите, тоа не значи дека е време да ја вклучите климата.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар