Зачувајте ја историјата од вашиот Фејсбук чет

Иако е премногу едноставен и со многу недостатоци, четот на Фејсбук е моментално најмасовно користен. Еден од недостатоците е и тоа што не можете да си ја прегледате историјата на разговорите кои сте ги воделе со вашите пријатели. Сепак, постојат додатоци за Mozilla Firefox и за Google Chrome кои ќе ви овозможат да ја архивирате вашата историја од муабетите што сте ги правеле на оваа социјална мрежа.Зачувајте ја историјата од вашиот фејсбук чет

1. Facebook Chat History Manager за Mozilla Firefox

Откако ќе го инсталирате овој додаток во Mozilla Firefox, ќе бидете во можност да ја видите историјата на разговорите во секое време, онлајн или офлајн. По инсталацијата, направете рестарт на прелистувачот и потоа следете ги следниве чекори за конфигурирање на додатокот:
.

  • Прв чекор: Tools –> Facebook Chat History Manager –> Get Facebook ID

Зачувајте ја историјата од вашиот фејсбук четНајавете се на вашиот профил на фејсбук и одобрете го пристапот на апликацијата до него. По одобрувањето, на екранот ќе ви се отвори нов прозорец на кој ќе се појави вашиот идентификациски број. Ископирајте го и потоа преминете на следниот чекор:
.

  • Втор чекор: Tools –> Facebook Chat History Manager –> Create Account

Зачувајте ја историјата од вашиот фејсбук четВо прозорчето кое ќе ви се отвори, пополнете ги полињата соодветно и притиснете „Create“ и постапката е завршена.  Останува уште да влезете во архивата:
.

  • Трет чекор: Tools –> Facebook Chat History Manager –> View History

Зачувајте ја историјата од вашиот фејсбук чет

2. Facebook Chat History Manager за Google Chrome

Екстензијата за Google Chrome функционира подеднакво исто како онаа за Mozilla Firefox. По инсталацијата, чекорите за конфигурирање се истите што ги прочитавте погоре.
.

  • Chrome Extension –> Facebook Chat History Manager и одберете  Get Facebook ID

Зачувајте ја историјата од вашиот фејсбук чет

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. bella Reply

    Vo Google Chrome > Extensions ne postoi aplikacija pod imeto Facebook Chat History Manager. Isto taka go barav za download na nekoj od sajtovite kako na pr. Softpedia i CNET ja ima aplikacijata no ne e mozno da se simne.

    • Кафе пауза Reply

      За жал, во меѓувреме додатокот за Chrome стана недостапен.

  2. ilijamt Reply

    Или пак можете да си користите http://www.pidgin.im/ со додатокот за facebook и наместо да користите chat од пребарувачот можете да го користите од програмот, и може да ја залувате цела историја.

Остави коментар