Фотоапарат со безжични леќи

WVIL е фотоапарат кој користи леќи што се одвојуваат од телото и притоа можат безжично да се контролираат преку екранот осетлив на допир (touchscreen).Фотоапарат со безжични леќиWVIL-системот, кој наскоро ќе биде патентиран, ги вклучува својствата на современите смартфони, како конективноста и софтверската платформа. Благодарение на конективноста, телото на фотоапаратот безжично комуницира со SLR-леќите кои можат да се менуваат.Фотоапарат со безжични леќиКога леќата е прицврстена за телото, фокусирањето и зумирањето се прават директно преку прстените на објективот, пружајќи директен визуелен фидбек, кој овозможува да се задржи вниманието на објектот на фотографирањето. Истите индикатори може да се видат и доколку леќата се користи на далечина, со допир по екранот на телото.Фотоапарат со безжични леќиОдлично решение е за фотографите кои ја сакаат моќта на модерните мобилни уреди, додека истовремено не се помируваат со незадоволителен квалитет на фотографиите.Фотоапарат со безжични леќиСистемот овозможува да се оддели точката на гледање од точката на контролирање. Како резултат на тоа, корисниците можат да се сликаат самите себеси, како и да ги фотографираат искуствата на забавен начин, од нови агли и поинакви перспективи.Фотоапарат со безжични леќиЗгора на сè, со овој фотоапарат, не мора да чекате до наредниот ден за да ги префрлите фотографиите на вашиот компјутер како би можеле да ги споделите со вашите пријатели. Споделувајте ги  веднаш штом ги направите. Апаратот ја вклучува можноста, да ги изберете вашите омилени апликации за споделување преку социјалните мрежи и веднаш да ја пренесете забавата од местото на случувањето до вашите блиски и пријатели.Фотоапарат со безжични леќиСега за сега, се работи само за концепт предложен од дизајнерскиот тим Artefact, а не за реален производ, но веќе има многубројни фанови кои со нетрпение го очекуваат на пазарот.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Кристина Reply

    Значи апаратов е закон!!! Ко што нејќам други да ме сликаат, ќе си седнам фино-лепо сама ќе си се изнасликам и однапред ќе си знам дали ќе испаднам добро или лошо. Одлично! Го сакам! :)

Остави коментар