Часовник кој знае кога ќе умрете

Сите знаеме дека животот брзо проаѓа, но никој не е свесен колку брзо. За да се реши оваа дилема, шведскиот пронаоѓач Фредрик Колтинг го осмислил „Tikker“, часовникот кој мери колку години, денови, минути и секунди имате до смртта. Настрана од фактот дека звучи морбидно, Фредрик го нарекува „Часовник на среќата“ и тврди дека е дизајниран со цел да им помогне на луѓето да го живеат нивниот живот со полна пареа и да го ценат времето кое им преостанува. Часовник кој знае кога ќе умрете  Пред да почнете да го користете ќе треба да пополните прашалник за вашата здравствена историја, од добиените резултати да ги одземете вашите години и одбројувањето може да започне. Воедно треба да одговорите дали пушите цигари и дали пиете алкохол, дали во фамилијата имате некој болен од рак, дијабетес и други болести, колку често спортувате и колку сте тешки.

После двегодишниот развој „Tikker“ е конечно спремен за производство, благодарение на донациите од веб-сервисот за собирање пари, Kickstarter. Часовниците чинат 59 американски долари, а ќе почнат да се продаваат во април, 2014 година.

„Од години до секунди, часовникот го репрезентира времето коешто постојано се движи и никогаш не запира, како и нашите животи кои полека се упатуваат кон финалниот одмор. Смртта не е изненадувачка појава за никој, но во нашето модерно општество ретко зборуваме за неа. Мислам дека доколку сме повеќе свесни за нашето заминување, ќе правиме подобри избори додека сме живи“ – вели Колтинг.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар