Вкупниот број на сите авиони ширум светот кои летаат во овој момент
Сте размислувале ли некогаш колку авиони во овој момент летаат над нас? Или пак, можеби колку авиони вкупно се во воздух околу целата планета? Одговорот на овие прашања можете многу брзо да го најдете на веб-сајтот „Flightradar 24“. Изненадени сте?
Освен за забава, овој сајт е одличен и за следење на конкретни летови. Доколку некој ваш близок патува, можете да го најдете бројот на неговиот лет и во живо да го следите неговото движење од полетување, па сè до слетување. Доколку кликнете на конкретниот авион, веднаш ќе добиете информации за точното време кога полетал и за времето кога се очекува да слета. Меѓу другото, можете да ја дознаете висината на која се наоѓа, брзината со која се движи, како и патот кој веќе го поминал.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
