Морничава смисла за хумор: Последните зборови на 5 жени-убијци

Морничава смисла за хумор: Последните зборови на 5 жени-убијци

Постојат многу малку феномени кои нѐ држат во неизвесност онака како што тоа го прават убијците. Човечката љубопитност за морбидните нешта оди до тој степен што сакаме да разбереме како убијците размислуваат, кој е мотивот зад секое убиство и начинот на кој ги одбираат нивните жртви, но најмногу од сѐ сакаме да знаеме дали се каат за стореното и какви биле нивните последни зборови. Особено кога станува збор за жени.

1. Амелија Дајер

1-mornichava-smisla-za-humor-poslednite-zborovi-na-5-zheni-ubijci-kafepauza.mk

Амелија Дајер многу успешно заработувала за живот така што се грижела за бебиња-сирачиња додека не најдат подобар дом. Тоа била вообичаена професија во последната декада на 19-ти век во Англија, но во 1896, локалната власт открила што се крие зад успешноста – Дајер ги давела бебињата и се ослободувала од нивните тела во реката Темза.

Дајер не ги одрекувала убиствата туку рекла: „Моите ќе ги препознаете по селотејпот околу нивните вратови.“ Откако била осудена во рок од 5 минути, нејзините последни зборови пред да ја обесат ни малку не асоцираат на каење за направените злосторства:

„Немам што да кажам.“

2. Ајлин Вурнос

2-mornichava-smisla-za-humor-poslednite-zborovi-na-5-zheni-ubijci-kafepauza.mk

Ајлин Вурнос ги признала убиствата на 6 мажи во северниот и централниот дел на Флорида во периодот помеѓу декември, 1989 и септември, 1990. Вурнос тврдела дека мажите ја собирале додека работела како проститутка и дека секој од нив се обидел сексуално да ја злоставува.

Вурнос рекла дека ги застрелала како мерка на самоодбрана. Ајлин на јавноста најдобро ѝ е позната според насловот во весниците „Првиот женски сериски убиец во Америка“. Токму пред да биде усмртена со помош на инјекција, нејзините последни зборови се цитат од филмот „Ден на независноста“:

„Само би сакала да кажам дека пловам со камењата и дека ќе се вратам како Ден на независноста со помош на Исус. Исто како во филмот – со голем брод и сето тоа. Ќе се вратам.“

3. Мери Бланди

3-mornichava-smisla-za-humor-poslednite-zborovi-na-5-zheni-ubijci-kafepauza.mk

Мери Бланди била осудена во 18-тиот век во Англија затоа што го отрула нејзиниот татко – Френсис Бланди со арсен. Мери тврдела дека мислела дека смесата е љубовна напивка која ќе го омекне татковото мислење за нејзината врска со Вилијам Хенри Кранстоун – женет воен офицер, син на шкотски благородник. Мери носела фустан на нејзиното бесење, утрото на Велигден во 1752, па затоа нејзините зборови може да се протолкуваат како бонтон или навистина морничава смисла за хумор:

„Во името на пристојноста џентлмени, не ме бесете високо.“

4. Барбара Грахам

0-mornichava-smisla-za-humor-poslednite-zborovi-na-5-zheni-ubijci-kafepauza.mk

Барбара Грахам била осудена во Калифорнија во 1955 за убиството на Мејбел Монохан додека се обидувала да изврши грабеж во нејзиниот дом. Грахам со уште 4 соучесници (кои сите биле мажи) влегле во домот на Монохан барајќи пари и накит. Монохан одбила и затоа била убиена. Грахам и останатите заминале од куќата со празни раце, попуштајќи 15.000 долари и накит скриени во плакарот. Грахам била убиена во гасна комора на 3 jуни 1955 и го држела својот здив полни 60 секунди пред смртта да ја стигне, а нејзините последни зборови биле подеднакво страшни:

„Добрите луѓе секогаш се толку сигурни дека се во право.“

5. Мира Хиндли

5-mornichava-smisla-za-humor-poslednite-zborovi-na-5-zheni-ubijci-kafepauza.mk

Осудена во 1966 за силување и смрт на 5 деца, заедно со нејзиниот љубовник Иjан Брејди, Хиндли сепак се штитела себеси околу 20 години. Во 1987, таа конечно ги признава 5-те убиства и ѝ било одземено правото на казна. Иако била позната како „најзлобната жена во Англија“, Хиндли не била осудена од државата, туку умрела поради откажување на респираторниот систем во 2002. Попот, кој бил испратен да ги изврши последните обреди, ги пренесува нејзините последни мисли:

„Последниот разговор беше за нејзината мајка. Таа само изрази грижа за нејзината мајка – но нема точно да кажам што рече.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар