Полошо од неверство: 7 нешта кои партнерот или партнерката никогаш нема да ви ги опрости

Полошо од неверство: 7 нешта кои партнерот или партнерката никогаш нема да ви ги опрости

Постои ли нешто полошо од неверството што би можело неповратно да ја уништи врската? Корисниците на Редит сметаат дека сепак овие нешта постојат. Токму затоа и анонимни љубовни парови одговарале на ова прашање со цел да ни откријат што според нив е најлошото кога станува збор за повредување на партнерот.

Полошо од неверство: 7 нешта кои партнерот или партнерката никогаш нема да ви ги опрости

1. Откажување од врската без конкретна причина. Некои парови признаваат дека повеќе би сакале да бидат изневерени и потоа да раскинат, отколку да бидат напуштени без предупредување.

2. Криење огромни тајни. Особено ако станува збор за зависност или долгови. Голем дел од паровите сметаат дека токму овие тајни можат да водат кон неизбежен крај на врската.

3. Доколку таа не го гледа својот партнер како татко на нејзините деца или обратно, доколку тој не ја гледа како мајка на неговите деца. На овој начин вие им кажувате дека едноставно не гледате иднина со нив.

4. Раскажување на тајните без дозвола. Доколку партнерот ви довери тајна, тој или таа се потпира на вас за поддршка. Со споделувањето на тајната тие споделиле со вас и нешто интимно, кое доколку биле пренесено понатаму ќе ги боли повеќе одошто неверство.

5. Лажење. Доколку се напиете, завршите со друга личност во кревет и веднаш го признаете тоа има барем некакви шанси да ви биде опростено. Но, доколку лажете и го криете тоа од вашиот партнер, кога тогаш ќе излезе на виделина и потоа веднаш ќе го/ја изгубите.

6. Вртење на децата против вашиот партнер или партнерка. Ниту еден родител не би можел да се справи со оваа ситуација.

7. Озборуварање зад грб. Особено кога станува збор за неговите или нејзините роднини и пријатели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар