Филм: Сикарио (Sicario)

Во војната со картелите, линијата помеѓу доброто и злото одамна е избришана

(1) Филм: Сикарио (Sicario)Режија: Денис Вилнев

Улоги: Емили Блант, Џош Бролин, Бенисио Дел Торо

Времетраење: 121 минута

Јазик: англиски

Премиера: 24 септември 2015

Жанр: акција, криминал, драма

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (3 гласа, просек: 9.67 од 10)

Loading...

Овој филм ни покажува застрашувачки и вознемирувачки портрет на злото и корупцијата која настанува во војната против дрогата. Приказната, која не е за оние со „слабо срце“, ни ја покажува реалноста на границите помеѓу Америка и Мексико во целост, без цензура. Самата тема е темна, исполнета со интензивни негативни емоции кои без сомнение ќе ве натераат да изгубите целосно верба во човештвото.

(2) Филм: Сикарио (Sicario) (3) Филм: Сикарио (Sicario)

Во главната улога се наоѓа Кејт (Емили Блант), ФБИ агентка која секогаш ги следи правилата и прописите. Откако ќе открие куќа полна со трупови која припаѓа на еден мексикански картел за дрога, таа ќе добие понуда да се приклучи на скриена операција организирана од повеќе агенции со цел да се разоткријат одговорните. На оваа тајна мисија, таа ќе ги запознае агентот Мет (Џош Бролин) и мистериозниот оперативец Алехандро (Бенисио дел Торо) кои свесно ги поместуваат границите на законот со цел да ги задоволат нивните цели.

(4) Филм: Сикарио (Sicario) (5) Филм: Сикарио (Sicario)

Најпрво тие ѝ велат дека ќе патуваат во Ел Пасо, Тексас, но без никакво предупредување Кејт ќе биде одведена во Хуарез, Мексико – место кое е облеано со крв од постојаните битки помеѓу картелите, каде што обезглавени тела висат од мостови и постојано во позадина се слушаат истрели од огнено оружје. Таа се надева дека ќе ги уапси оние кои се виновни за убиствата на луѓето во таа куќа, но Алехандро и Мет имаат поголеми планови. Тие сакаат да го пронајдат лидерот на картелот, но не со цел да го уапсат…

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар