Владо Јаневски откри: Имам деца ама не сум ги растел! (ВИДЕО)

Владо Јаневски откри: Имам деца ама не сум ги растел! (ВИДЕО)

Каде и да одите за Нова година, во сабота на 31 декември, во 19 и 15 часот гледајте ја една од најдолго очекуваните епизоди од „Еден на Еден“ на „Телма“ – гостувањето на Владо Јаневски!

Прв пат на вакво интервју по цели 15 години, Владо има многу прашања за одговарање. Зошто го немаше толку време, која е причината поради која ги игнорираше медиумите, што му се случува во љубовниот живот, за кого е напишана „Од овој ден“, која песна го расплакува, за неговите вонбрачни деца и уште многу, многу интересни детали од животот на македонскиот омилен пејач.

Плус, во оваа новогодишна епизода која ќе трае малку подолго од вообичаено, ќе се појават и еден од нашите најдобри вокали – Влатко Лозаноски, групата „Маестро“ и познатиот водител Огнен Јаневски.

Репризното издание на новогодишната „Еден на Еден“ ќе имате прилика да ја погледнете на Божиќ во истиот термин, 19 и 15 часот на „Телма“.

Погледнете накратко дел од разговорот помеѓу Жаре и чаирскиот романтичар:


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар