Кафе пауза — Прогласен за најзабавен сајт на „Сајт на годината 2016“

Кафе пауза — Прогласен за најзабавен сајт на „Сајт на годината 2016“

На овогодишниот, седми избор за Сајт на годината, организиран од Медиа Солутионс и системот за онлајн-реклами keepaneye.mk, а под покровителство на Град Скопје, Кафе пауза се стекна со првото место во категоријата Забава. Изборот на најдобрите беше прогласен изминатава сабота (24.12.2016) во холот на Македонската опера и балет пред околу 200 претставници на медиумите. Им се заблагодаруваме на организаторите на настанот и на жири комисијата која нѐ одбра токму нас, како и на вас, лојалните читатели кои ја поддржавте нашата работа, давајќи го вашиот глас.

1-kafe-pauza-proglasen-za-najzabaven-sajt-na-sajt-na-godinata-2016-kafepauza.mk

Кафе пауза учествува во изборот секоја година, но овој пат сме првпат добитници на главна награда во рамките на категорија — Прво место во категоријата Забава. Ова признание ни значи многу и ќе ни даде поттик уште повеќе да се трудиме во иднина и да продолжиме да ве забавуваме, информираме и изненадуваме…

2-kafe-pauza-proglasen-za-najzabaven-sajt-na-sajt-na-godinata-2016-kafepauza.mk

И понатаму во нашиот фокус остануваат истите цели со кои ја започнавме нашата мисија пред 6 и пол години:

  • Избор на најинтересните и најкорисни информации наменети за широката македонска публика
  • Употреба на квалитетен и литературен македонски јазик
  • Квалитетно визуелно уредување на содржините со цел овозможување пријатно искуство на сајтот
  • Добра комуникација и соработка со нашите читатели, критичари и поддржувачи
  • Следење на интересите на публиката и нивно редовно инкорпорирање во нашите содржини
  • Брзина и добра функционалност на сајтот при прелистување од различни уреди
  • Држење чекор со светските трендови во уредувањето и функционалноста
  • Фер и коректна соработка со огласувачите, без чии реклами не би можеле да опстоиме

2.1-kafe-pauza-proglasen-za-najzabaven-sajt-na-sajt-na-godinata-2016-kafepauza.mk

Се надеваме дека и понатаму ќе ја поддржувате и насочувате нашата работа, а ние за возврат ќе се трудиме да бидеме сѐ подобри и подобри во она што секојдневно го сервираме за вас. Наградите и признанијата ни значат, но најмногу ни го греат срцето вашите бројни секојдневни посети, искрени коментари и пораки во кои несебично ја искажувате вашата лојалност и поддршка кон нас.

За настанот

Сајт на годината е манифестација, која се организира по седми пат, во рамките на која оваа година се избраа најдобрите 60 веб-сајтови во Македонија распределени во 20 категории. Целта на манифестацијата е да придонесе кон развојот на домашните веб-сајтови доделувајќи им сертификати и признанија на луѓето кои работат во насока на унапредување на онлајн-медиумите во земјава. Повеќе информации за настанот и комплетната листа на победници можете да ја погледнете овде.

3-kafe-pauza-proglasen-za-najzabaven-sajt-na-sajt-na-godinata-2016-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар