Тест: Изберете го омилениот ангел и прочитајте ја вашата порака за крајот на оваа година!

Тест: Изберете го омилениот ангел и прочитајте ја вашата порака за крајот на оваа година!

Нашите ангели се секогаш околу нас, нè водат и ни пружат заштита. Понекогаш не сме целосно свесни за нивното присуство, но тие се постојано тука за да ни го покажат вистинскиот пат во животот. Внимателно погледнете ги овие три ангели и одберете го оној кој најмногу ве привлекува – тој има порака за вас!

Тест: Изберете го омилениот ангел и прочитајте ја вашата порака за крајот на оваа година!

  • Ангел бр. 1

    Вашиот ангел е со вас за да ви помогне да ги надминете личните демони (нездрави навики, страв, негативност и сомнеж во себе). Сигурно понекогаш се прашувате дали сте достојни за ангелско внимание. Одговорот е да! Освен тоа, љубезноста која ќе ја покажете во следниот период макар кон само една личност (или животно) ќе ви помогне полесно да се справите со секојдневните предизвици.

  • Ангел бр. 2

    Вашиот ангел вели дека се наближува период на мир, прифаќање и среќа. Ако сте се чувствувале малку тажни или фрустрирани, вашиот ангел вели да се опуштите и да уживате во времето што претстои. Почувствувајте ја топлината на сончевите зраци и обидете се да уживате во животот. Не треба ништо да правите освен да го прифатите мирот што ви доаѓа. Не заборавајте дека сè ќе биде добро.

  • Ангел бр. 3

    Овој ангел покажува дека поминувате низ „будење“ на телото и умот. Не спротивставувајте се на процесот на обнова на телото, умот и духот. Меѓу другото, не заборавајте дека неопходно е да им ставите крај на одредени поглавја, да се ослободите од токсичните луѓе во ваша близина за во периодот што следува да им отстапите простор на новите луѓе и новите искуства во вашиот живот.

Откако го направивте овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете во која животна фаза се наоѓате во моментов.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар