Неодоливо вкусна: Пита со чоколадо и карамела

Неодоливо вкусна: Пита со чоколадо и карамела

Не пропуштајте го нашиот денешен предлог за пита со чоколадо и карамел за кој сме сигурни дека ќе му се допадне на целото ваше семејство!

Неодоливо вкусна: Пита со чоколадо и карамела

Потребни состојки:

Тесто:

  • 115 грама путер
  • 70 грама шеќер во прав
  • 25 грама какао
  • 1 жолчка
  • 3/4 лажичка екстракт од ванила
  • 170 грама брашно

Карамел фил:

  • 400 грама шеќер
  • 120 милилитри вода
  • 85 грама сируп од пченка
  • 115 грама путер
  • 170 грама павлака за готвење без шеќер
  • прстофат сол

Глазура:

  • 100 грама темно чоколадо (70 до 85% какао)
  • 170 грама павлака за готвење без шеќер
  • прстофат сол

Начин на подготовка:

1. Во сад со електричен миксер измешајте ги путерот, шеќерот и какаото. Мешајте сè додека смесата не се изедначи. Додадете ја жолчката и ванилата и мешајте додека не се соединат.

2. Во смесата за тесто додадете го брашното. Мешајте на мала брзина додека не се соединат сите состојки. Префрлете ја смесата во калапот. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.

3. Подгответе го филот со карамел. Во големо тенџере ставете ги шеќерот, водата и сирупот од пченка да зовријат. Повремено мешајте додека смесата не добие средна килибарна боја, околу 12 минути. Тргнете го тенџерето од оган. Карамелот ќе продолжи да потемнува. Внимателно, но брзо измешајте ги путерот, павлаката, кремот и солта за да добиете мазна смеса. Топлата карамела прелијте ја врз испечената кора и оставете го колачот да се излади (најмалку 1 час).

4. Подгответе ја чоколадната глазура. Во сад ставете го чоколадато. Во мало тенџере сварете го кремот. Чоколадото прелијте го со врелиот крем и мешајте додека чоколадото не се растопи и смесата не стане мазна. Прелијте ја глазурата врз колачот и ставете го во фрижидер да отстои најмалку 1 час. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за чизкејк со карамела и лешници.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар