Каков летен одмор е идеален за секој хороскопски знак?

Каков летен одмор е идеален за секој хороскопски знак?

Море или копно? Активен одмор или лежење? Далечни неоткриени дестинации или добро познати места на кои секогаш се чувствувате пријатно? Во продолжение дознајте каков вид одмор е идеален за секој хороскопски знак и кои дестинации ви ги препорачуваат ѕвездите.

Каков летен одмор е идеален за секој хороскопски знак?

Овен

На некои луѓе, за време на летниот одмор, излежувањето и впивањето сонце на плажа им е сосема доволно, додека на Овните им треба малку повеќе возбуда и активности. За да се вратат освежени во секојдневието тие мора да ја исфрлат нивната енергија на одмор. Затоа најмногу сакаат патувања што се преполни со активности што им одговараат на нивната енергична и социјална природа.

Идеален летен одмор и дестинација: Одморалиште во коешто е вклучено сè, со разни спортски активности на егзотична и топла локација како Хаваи или Кариби.

Бик

Без оглед на тоа за каков вид одмор се работи, Биковите сакаат да бидат третирани како кралеви. Максимално треба да им се угоди на сите желби и потреби. Не се љубители на големи авантури и сакаат дестинации каде што ќе се чувствуваат удобно, но сакаат и да посетат некое место со доволно занимливи содржини.

Идеален летен одмор и дестинација: Париз, хотел со голема спа оаза во која секојдневно ќе уживате во масажи.

Близнаци

Клучот за совршен одмор за Близнаците е угодување на умот, телото и духот. Тие се родени истражувачи кои со часови би лутале низ улиците во потрага по познати градби, археолошки локалитети, музеи и сјајни ресторани во кои ќе соберат сила за нови авантури.

Идеален летен одмор и дестинација: Фиренца, стан со појадок во центарот на градот од кој ќе можете одма да појдете во галеријата Уфици и да им се восхитувате на делата на Ботичели.

Рак

Не можете лесно да ги извадите Раковите од дома, но дури и ним им е потребно малку патување во животот. Тие му се радуваат на одморот, но не и на процесот на подготовки за пат. Наместо долг одмор, Раковите преферираат пократки патувања во друштво на семејството или најблиските пријатели.

Идеален летен одмор и дестинација: Мирен продолжен викенд на италијанското езеро Лаго ди Гарда покрај кое задолжителна е посетата на забавниот парк Гардленд.

Лав

Кога се во прашање патувањата, Лавовите обожаваат луксуз. Тие не сакаат да бидат задоволни, туку сакаат да бидат воодушевени. Сакаат живи и забавни дестинации со добра енергија на кои ќе уживаат баш во сè, од природа и храна до луд ноќен живот.

Идеален летен одмор и дестинација: Буенос Аирес, соба во хотел со пет ѕвездички и најубав поглед на градот, уживање во првокласни аргентински закуски и вино и после тоа луда забава во некој бар на плажа.

Девица

За да не „прегорат“ од размислување за своите обврски и на одмор, на Девиците им е потребна дестинација која е надвор од нивната удобна зона за да ги воодушеви и да им ги оттргне мислите од секојдневните проблеми. Тие сакаат активни патувања, но исто така мора да имаат и доволно време за одмор.

Идеален летен одмор и дестинација: Перу, качување до светиот град Инки Мачу Пикчу, а после тоа излежување на плажите во Лим.

Вага

Вагите најмногу сакаат одмор кој ќе ги збогати и стимулира интелектуално. Затоа најдраги дестинации им се оние што се богати со историја, полни со важни знаменитости и градби чиишто ќошиња можат да бидат истражени од страна на љубопитните Ваги.

Идеален летен одмор и дестинација: Истанбул, волшебен град на два континенти и поранешна престолнина на римското, византиското и отоманското царство.

Скорпија

Оние патувања кои другите можеби би ги преплашиле, на храбрите и незапирливи Скорпии им се само предизвик што ќе го прифатат со ширум отворени раце. Тие имаат потреба од авантури за паметење и дестинации кои сè уште кријат неистражени области.

Идеален летен одмор и дестинација: Јоханесбург, еден од најмодерните африкански градови преполн со траги од турбулентно минато.

Стрелец

Природа, природа и уште малку природа. Тоа е она што им треба за одмор на Стрелците. Нема таква планина преку која не можат да преминат за да дојдат до нови природни убавини. Подготвено ќе го стават ранецот на грб и ќе се упатат кон планинарење или кампување под ѕвездите.

Идеален летен одмор и дестинација: Аризона, истражување на неверојатниот Голем Кањон и сплаварење на реката Колорадо.

Јарец

Исто како и Вагите, така и Јарците сакаат патувања што ќе ги збогатат. Јарците едноставно мора да знаат дали ќе им се исплати патот и дали е паметно да го инвестираат нивното време во посета на одредена дестинација. Сакаат да појдат на важни места и таму што повеќе да научат.

Идеален летен одмор и дестинација: Њујорк, дом на стотици музеи, уметнички галерии и разновидни културни центри.

Водолија

Што ги привлекува Водолиите? Нови места, нови луѓе, нови идеи. На Водолиите одморот треба да им обезбеди оттргнување од секојдневието и допир со занимливи култури на кои не се вообичаено изложени.

Идеален летен одмор и дестинација: Јапонија, двонеделна турнеја по најпознатите јапонски градови со неизбежна посета на историски знаменитости.

Риба

На Рибите доволна им е некоја далечна тропска дестинација на која со денови непрекинато ќе уживаат на сонце и море. Тие сакаат максимално да се опуштат и да се препуштат на сонувањето.

Идеален летен одмор и дестинација: Малдиви, рај на земјата збогатен со прекрасни песочни плажи и тиркизно море.

Дознајте која е вашата летна песна за 2019 година според хороскопскиот знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар