Игор Ангелов и Влатко Лозаноски во „Еден на Еден“

Игор Ангелов и Влатко Лозаноски во „Еден на Еден“

Некој го знае како Коста, повеќето како детективот Цветко, но годинава сигурно ќе го паметиме како Цобе, чуварот од скопската Зоолошка градина и новиот филмски хит „Година на мајмунот“. Во недела, во новата „Еден на Еден“, ќе гостува актерот Игор Ангелов.

За „Петко“, „Преспав“, Драмски, на каучот кај Жаре ќе слушнете доста анегдоти од омилениот актер на мајките.

Во вториот дел од емисијата, пак, Влатко Лозаноски – Лозано ќе зборува неговиот личен јубилеј – 10 години кариера и сѐ што се случуваше во изминатата деценија.

Ова ќе биде последна од студиските епизоди на „Еден на Еден“, а од следната недела ќе може да се гледаат компилациските епизоди со најдоброто од сезона 9.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар