Транс песна отсвирена на гитара

Иван Добшон е брилијантен, инспиративен 29 годишен fingerstyle гитарист и композитор од Онтарио, Канада, познат по креативноста и интензивноста на неговото свирење и напредната, невообичаена техника. Неговата музика има елементи од класична, фолк, техно, хеви метал, блуграс, како и транс музика. Транс песна отсвирена на гитараТој е еден од најдобрите канадски гитаристи, кој го има освоено првото место на речиси сите натпревари по класична гитара ширум земјата. Како најуникатно парче уметност мора да се издвои видеово, во кое тој свири транс на гитара и звучи неверојатно добро и оригинално. Овој музички уметник е совршен резултат добиен од неговиот исклучителен талент и напорните часови поминати со гитарата во рака. Секоја чест!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. бране Reply

    која е песнава!?!?!?

  2. S. Reply

    Не е cover туку оргинал компонирана и одсвирена од дечкото така да ќе треба да го преправите текстот горе :)

  3. Bade Reply

    Дечкото на обична гитара не може да прави ваков звук , мора да има магнети или слично :) Сепак одлично изведено.

  4. NINE Reply

    prekrasna izvegba i neobicna glazba koja ostanuva dolgo vo secanje.Pozz

  5. Vlatko Reply

    Odlicno nesto :) pesnata malce potseka na Big Sur Moon od Buckethead

Остави коментар