Навидум обични фотографии коишто кријат незамисливи приказни

Навидум обични фотографии коишто кријат незамисливи приказни

Фотографијата е вид уметност што може да ги замрзне емоциите во еден момент од времето. Развојот на уметноста има навистина големо влијание врз светот и им овозможува на луѓето да ја дефинираат ерата во којашто живеат. За навистина да го почувствувате влијанието на фотографијата, потребно е да ја знаете и приказната што се крие зад неа. Во продолжение погледнете неколку навидум обични фотографии, со чудни и незаборавни приказни.

1. Тадеус Зиткиевич со негова фотографија

Навидум обични фотографии коишто кријат неверојатни приказни

Во неговите раце Тадеус ја држи најдобрата фотографија од 1987-ма година според National Geographic. На фотографијата се гледа доктор Збигниев Релига кој седи до негов пациент, после 23-часовна операција за трансплантација на срце во Полска. Во долниот десен агол се гледа еден од неговите колеги кој заспал по операцијата. Иако во тој период операцијата се сметала за речиси невозможна, доктор Релига го презел ризикот и го спасил пациентот.

2. Тројцата неславни херои од Чернобил

Навидум обични фотографии коишто кријат неверојатни приказни

Доколку не биле тројца од мажите на фотографијата – Алексеј Ананенко (втор од лево) и војниците Валери Безпалов (во средина) и Борис Баранов (најдесно), милиони животи би биле изгубени за време на катастрофата во Чернобил. 10 дена по несреќата, водниот систем за ладење на електраната престанал да работи и веднаш под радиоактивниот реактор се направил базен. Без ладење, супстанцата како лава би можела да ги стопи останатите прегради, така што јадрото на реакторот би завршило во базенот. Доколку се случело ова, настанатите експлозии би ја прошириле радијацијата низ делови од Европа, Азија и Африка. Тројцата мажи волонтирале да нурнат во водата и да ја испуштат течноста во близина на реакторот. Мисијата била успешна и овие херои спречиле нешто што би можело да биде уште поголема несреќа.

3. Шер Ами

Навидум обични фотографии коишто кријат неверојатни приказни

Овој галеб пренел порака од заробен баталјон војници за време на Првата светка војна и спасил речиси 200 мажи. Галебот бил застрелан неколку пати и ја изгубил едната нога и едното око. Војниците му дале дрвена нога и го крстиле Шер Ами (Cher Ami) што во превод од француски значи „Драг пријател“.

4. Зад затворени врати

Навидум обични фотографии коишто кријат неверојатни приказни

Парот на фотографијата се Елизабет и Бенгт, а фотографката Дона Ферато ги запознала преку проект за фотографирање богати „свингери“. Ноќта кога е направена фотографијата, во 1982-ра година, парот почнал да се расправа додека Дона ги фотографирала. Расправата ескалирала, па можете да видите како Елизабет е удрена. Дона сакала да ги објави фотографиите, но сите весници ја одбиле. Бидејќи сметала дека мора да направи нешто во врска со ова, во 1991-ва година ја објавила книгата „Живеење со непријателот“ (Living With the Enemy). Во книгата биле наведени настани со домашно насилство и последиците од нив.

5. Зад шанкот

Навидум обични фотографии коишто кријат неверојатни приказни

Овој понижувачки и ужасен момент бил замрзнат во времето на 28-ми мај, 1963-та година, од страна на Фред Блеквел. На шанк само за белци седнале три демонстранти – (од лево кон десно) Џон Салтер, наставник по социологија и ученичките Џоан Трумпауер и Ен Муди. Сите тројца биле од колеџ за црнци кој станал средиште на движењето за граѓански права во Мисисипи. Додека седеле на шанкот, групата била нападната од гневни белци кои врз нив истурале кечап, сенф и шеќер.

6. „Чекај ме тато!“

Навидум обични фотографии коишто кријат неверојатни приказни

Оваа фотографија е направена од Клод Детлоф во Ванкувер, кога војниците оделе да се борат за време на Втората светска војна. Емоциите на лицата на детето и родителите и нивниот говор на телото ја прават оваа фотографија незаборавна. За среќа, таткото на детето се вратил дома безбедно, во октомври 1945-та година.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар