Музички албуми кои го одбележаа 21-от век

Во ерата на дигитализацијата, кога музиката е лесно достапна за пошироката публика, музичките експерти го составија списокот на албуми кои веќе го одбележаа 21-от век.

Еминем  – „The Marshall Mathers LP“ (2000)

Додека многу рапери во своите песни го одразуваат животот околу себе, Еминем тоа го прави на забавен начин. Поостар и помрачен од неговиот прв албум во 1999 година, „The Marshall Mathers LP“ ја заматува линијата меѓу сатирата и општествените коментари. По овој албум, дури и оние кои беа навредени од неговите зборови, а имаше многумина такви во неговиот хит „Stan“, ѝ се восхитуваа на неговата неверојатна вербална умешност. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век

Ауткаст – „Stankonia“ (2000)

Имагинативните звуци на Андре 3000 и Биг Бој ги помирија јужниот хип-хоп и црнечкиот футуризам, создавајќи од нив неверојатна мешавина од мелодии. Од албумот „Stankonia“ произлегоа многу хитови, од кои најпознати се „So Fresh, So Clean“ и „Ms. Jackson“. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век

Џеј Зи – „Blueprint 2: The Gift & The Curse“ (2002)

„Blueprint 2: The Gift & The Curse“ е петтиот по ред број 1 албум на Џеј Зи. Овој албум постави нов модел за хип-хоп музиката, кој подоцна го следеа и други музичари. На овој албум можат да се слушнат и соработките со Лени Кравиц, Шон Пол, Бијонсе и многу други звучни имиња. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век

Вајт Страјпс – „Elephant“ (2003)

Ова дуо од Детроит повторно ја оживеа рок музиката, после три издадени албуми во кои доминираше инди звукот. Песните на овој албум варираат од „ранливи“ до „многу гласни“, а во секоја од нив се забележува талентот на Џек за свирење гитара. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век

Џастин Тимберлејк – „FutureSex/LoveSounds“ (2006)

Преку неговиот деби албум „Justified“, фронтменот на групата Ен Синк, Џастин Тимберлејк, во стилот на Мајкл Џексон, покажа дека е повеќе од една обична тинејџерска ѕвезда. Но во 2006 година, Џастин го издаде албумот „FutureSex/LoveSounds“ кој претставува мешавина од ар-ен-би, рок и клупска музика. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век

Ејми Вајнхаус – „Back to Black“ (2007)

Она што ги прави песните на албумот „Back to Black“ безвремени, се соул музиката и музиката од шеесетите години на 20-от век, кои Ејми Вајнхаус ги искомбинира на посебен начин, карактеристичен само за нејзе. Нејзиното скршено срце беше најголемата инспирација за песните кои се најдоа на овој албум. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век

Блек Ајд Пис – „The E.N.D. (Energy Never Dies)“ (2009)

Еден од можните наслови на овој албум беше зборот „Еволуција“ кој навистина го опишува овој бенд. Се работи за хип-хоп триото Блек Ајд Пис, кое подоцна, со доаѓањето на Ферги, се ориентира кон поп музиката. На овој албум преовладува клубска музика, а најголемиот хит е производ на соработката со Дејвид Гета, песната „I Gotta Feeling“. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век

Лејди Гага – „The Fame Monster“ (2009)

Лејди Гага предизвика многу контроверзии со нејзиното појавување на сцена, но најголемата слава ја стекна со издавањето на албумот „The Fame Monster“ во 2009 година. На овој албум се најдоа најголемите хитови на Лејди Гага, „Telephone“ (соработка со Бијонсе), „Alejandro“ и „Bad Romance“. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век

Адел –  „21“ (2011)

Моќниот глас на Адел, кој многу потсетува на Дасти Спрингфилд, е најзабележителен на нејзиниот последен албум, едноставно насловен како „21“. Инспирирана од погрешните романси, Адел успешно ги претвори приватните љубовни раскинувања во комерцијална заработка. Албумот „21“ е прогласен за албум кој најдолго се задржал на Билбордовата листа на албуми и истовремено е најпродаваниот албум за 2011 година. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Бајц Reply

    Како може еминем да го има а албумот The Chronic на Dr.Dre да го нема ??

  2. acika Reply

    MAROON5?! kaj vi se?! plus ushte drugi falat…

  3. xxx Reply

    samo za eminem se soglasuvam. i stvarno imate mnogu drugi propusteno

  4. Катерина Reply

    За 21 век без Beyonce не може да стане збор!

    • ivche Reply

      tolku mu taka, B e edna od najdobrite i bogami najpopularna

  5. @_@ Reply

    Овие албуми не одбележале ништо освен музички поп медиокритет освен можда White Stripes и Eminem…

  6. Антониј Reply

    Па сега споредете ги овие со тие што ги обележаа 60 тите или 70тите години на 20ти век, па воочете дали музиката оди напред или назад…

Остави коментар