Интерактивен музички видеоспот во кој вие ги контролирате движењата

Автор: Весна Јовановска

Канадската инди-рок група Аркејд Фајр, за своите фанови направи интерактивна верзија од музичкиот спот „Sprawl II“ од албумот „The Suburbs“. Се работи за релаксирачко видео, дизајнирано да ги детектира движењата на корисниците. Им овозможува на околу шест минути да ја преземат главната улога во спотот и да ја регулираат брзината на движењата во видеото.Интерактивен музички видеоспот во кој вие ги контролирате движењатаВо класичната верзија, спотот започнува со статични кадри од куќи. Таму приказната ја води коосновачот на бендот Режин Шасањ, која излегува од една од куќите и со слушалки на ушите шета низ предградие, во кое живеат чудни и безлични луѓе, кои повремено и механички танцуваат во дворовите.

Преку интерактивното видео вие имате можност да го смените нивното темпо, да управувате со нив, како со марионети. Сè што треба да направите е да го посетите сајтот за спотот, да ја изберете интерактивната верзија и да „влезете“ во видеото. Имате две опции за тоа. Едната е да играте пред вашата веб-камера и да гледате како кадрите се прилагодуваат на вашите движења. Доколку немате камера, тогаш грабнете го комјутерското глувче и кликајте на видеото.

Интерактивен музички видеоспот во кој вие ги контролирате движењата

Отворете го сајтот во ново прозорче и изберете да ја користите вашата веб-камера или доколку немате, изберете глувче. Играјте со рацете пред камерата за да се движат луѓето во спотот. Застанете и тие ќе ги повторуваат истите движења постојано и спотот нема да тече понатаму. Иако е многу поинтересно контролирањето со помош на веб-камера, истиот ефект можете да го постигнете со кликање на гливчето.

И двете верзии се навистина забавни, а се во режија на Винсет Морисет. Лицата кои „несреќно“ танцуваат во спотот тој ги нарекува дигитални марионети на 21 век.Интерактивен музички видеоспот во кој вие ги контролирате движењатаЕдноставноста на ова видео е со цел да можат да го користат сите, бидејќи за него не се потребни дополнителни компјутерски програми или вештини. Овој хибриден проект е заснован на линеарен филм и детекција на движења, комбинирани во една визуелна техника.Интерактивен музички видеоспот во кој вие ги контролирате движењата„Високиот технолошки аспект не е главната поента и приоритет во спотот на песната Sprawl II“, вели Морисет, кому ова не му е прво интерактивно видео. Тој е познат и по некои од пораните проекти на Аркејд Фајр, како нивниот победнички интерактивен клип „Neon Bible“.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар