Дали љубовта кон вашиот партнер исчезнува секогаш кога срцето ќе ви затрепери поради друг човек?

Дали љубовта кон вашиот партнер исчезнува секогаш кога срцето ќе ви затрепери поради друг човек?

Чувствата се многу менливи и непостојани. Понекогаш може да чувствуваме нешто со силен интензитет, некогаш тој интензитет се намалува, а се случува и чувствата целосно да исчезнат, па потоа повторно да се вратат. Сигурно ви се случило еден ден да се чувствувате неизмерно среќни, а веќе наредниот ден да потонете во депресија. Истото се случува и со љубовните емоции. Некои денови чувствувате огромна љубов кон партнерот, а некогаш се прашувате дали воопшто сте вљубени. Можно е дури и да ви се јават чувства кон сосема трета личност и покрај тоа што вашата љубовна врска е среќна и исполнета.

Дали љубовта кон вашиот партнер исчезнува секогаш кога срцето ќе ви затрепери поради друг човек?

Па, зошто се случува сето ова? Можно ли е да сакате повеќе луѓе одеднаш? Дали појавата на чувства кон друг човек значи дека сте престанале да го сакате партнерот? Вистината е дека чувствата треба да се негуваат и одржуваат. Ако сакате да задржите некое чувство, мора да се фокусирате на него. Доколку, пак, сакате да се ослободите од некоја емоција, не би требало многу да размислувате за неа и да ѝ придавате дополнително значење. Сѐ е во вашата глава!

Еве, земете го следниов прост пример. Сите сакаме да бидеме среќни, но ретко кога навистина работиме на нашата среќа. Мислиме дека среќата треба да ни падне од небо. Убедени сме дека треба да ни се случи нешто големо за да бидеме среќни. Забораваме дека сами си ја создаваме среќата и дека можеме да бидеме среќни доколку се обидеме да најдеме среќа во малите работи. Им дозволуваме на негативните мисли да завладеат со нас, бидејќи тоа е многу полесно отколку да станеме од кревет и да направиме нешто корисно и продуктивно.

Истото важи и за љубовта. Секако дека не можеме да одбереме во кого ќе се вљубиме, но можеме да одлучиме дали ќе останеме вљубени во таа личност. Љубовта не може да исчезне преку ноќ. Може да се намали само доколку ѝ дозволите. Спротивно на генералното мислење, љубовта не може да постои сама по себе. Таа е многу ранлива и за да опстане треба секојдневно да се негува.

Доколку сте задоволни од партнерот и сакате да ја сочувате врската, вие секојдневно ќе гледате да ја одржите љубовта меѓу вас, свесно или несвесно. Негата на љубовта во врската може да се одржува преку површни работи, како што се подароците и физичката интимност, но и преку некои подлабоки навики како што се, поминувањето време заедно, искажувањето нежност, меѓусебното разбирање и почит, давањето поддршка и слично. Доколку постојано го практикувате сето ова со партнерот и уживате во тоа, љубовта нема да исчезне. Напротив! Таа ќе се развива и ќе станува сè посилна со секој изминат ден!

Дали љубовта кон вашиот партнер исчезнува секогаш кога срцето ќе ви затрепери поради друг човек?

Можеби и покрај тоа што вашата врска е совршена и го правите ова секој ден со партнерот, сепак ви се има случено да се заинтересирате за друг човек. Доколку сте поминале или моментално поминувате низ такво нешто, сигурно ви се вртат следниве прашања во глава: „Дали ова значи дека не го/ја сакам?“, „Дали нашата врска е готова?“, „Дали треба да разговарам за ова со партнерот?“, „Дали треба да си го слушам срцето и да пробам нешто со новата личност?“. Застанете за момент и обидете се да се сетите кога почнале да ви се јавуваат чувства за другиот човек и зошто. Треба да го најдете коренот на проблемот.

Да, во вашата врска постои некаков проблем, без разлика дали сте свесни за тоа или не. Како последица на тоа, вие почнувате да барате излез од ситуацијата по полесниот пат и потсвесно почнувате да развивате чувства за друг човек. Наместо да го решите проблемот, вашиот инстинкт ви кажува дека треба да се откажете од врската и да започнете нешто ново. Новите љубовни чувства што ви се јавиле се резултат на вашето моментално незадоволство од врската, а не на исчезнувањето на вашата љубов кон партнерот.

Сосема е возможно да постои проблем во врската, а да не сте свесни за тоа. Можеби сте почнале да се чувствувате малку несигурно во себе и се плашите да не го изгубите партнерот, но не сакате да признаете. Можеби во вашата врска завладеала монотонија поради тоа што секоја вечер ја поминувате пред телевизорот. Можеби му замерувате на партнерот за некоја негова грешка, но се плашите да разговарате, бидејќи се обидувате да ги одбегнете конфликтите.

Дали љубовта кон вашиот партнер исчезнува секогаш кога срцето ќе ви затрепери поради друг човек?

Сето ова може да предизвика незадоволство во врската. Во такви ситуации, повеќето луѓе гледаат да побегнат, наместо да се соочат со проблемот. Чувствуваат дека нешто не е во ред, па сакаат да си ги прошират опциите и почнуваат да се интересираат за други луѓе. Но, тие емоции што одеднаш ви се јавиле за колешката од работата иако никогаш претходно не сте ја погледнале или за вашиот фитнес инструктор кој не знае да сврзе 2 збора, се само привидни и служат за да ви го одвлечат вниманието од вистинскиот проблем.

Пред да направите некоја глупост и да им дозволите на овие лажни чувства да се развијат или пак да отидете уште подалеку и да извршите непромислено неверство, земете воздух и размислете со ладна глава. Зошто одеднаш ви се случува ова? Зошто имате потреба да почнувате нешто ново кога веќе имате партнер кој ве фасцинира во секој поглед?

Обидете се да го најдете проблемот во врската, а не надвор од неа. Направете самоанализа. Пред да им се препуштите на новите емоции, размислете која е подлабоката причина за нивната појава. Дали новиот човек во вашиот живот навистина толку многу ве воодушевува и привлекува или пак само се обидувате да добиете внимание и да си го направите животот поинтересен и повозбудлив? Не го одбирајте полесниот пат и не ризикувајте да си уништите прекрасна и трајна врска за минлива и лажна авантура.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар