12 книги кои се одлични за читање пред спиење

Научно докажано е дека читањето може да го подобри човечкото здравје на повеќе различни начини. Истражувањата покажале дека тоа го намалува стресот, ја подобрува меморијата и ја зголемува емпатијата. Освен што читањето може да ви помогне да станете подобра личност, може и да ви помогне да заспиете.

12 книги кои се одлични за читање пред спиење

Некои книги не се добар избор за пред спиење, како што се возбудливите трилери на пример, бидејќи нема да можете да престанете со читање и целата ноќ ќе ја поминете будни. Но, постојат книги кои ќе ви помогнат да се опуштите пред спиење. Ние ви ги препорачуваме следниве книги за релаксација…

1. „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери (The Little Prince)

12 книги кои се одлични за читање пред спиење

Оваа кратка книга навистина има што да каже. „Малиот принц“ ја содржи совршената доза на фантазија што ќе ви помогне да заспиете. Прекрасните описи ќе завладеат со вашите соништа и ќе се разбудите одморени.

2. „Прикачени фајлови“ од Рејнбоу Роуел (Attachments)

12 книги кои се одлични за читање пред спиење

Ако ги обожавате лесните романтични комедии, тогаш ова е вистинската книга за вас. Бет и Џенифер си пишуваат имејлови преку нивните профили на работа. Линколн е одговорен за надгледување на тие работни профили и откако ќе ги прочита зборовите на Бет, полека ќе почне да се вљубува во неа.

3. „Чудо“ од Р. Џ. Паласио (Wonder)

12 книги кои се одлични за читање пред спиење

Оги Пулмен е дете со деформитет на лицето кое било школувано дома, но петтото одделение го започнало во ново училиште. „Чудо“ ја раскажува неговата приказна од повеќе различни аспекти. Оваа книга ќе ви ги допре душата и срцето, но ве предупредуваме дека можно е и да ве расплаче.

4. „Уметноста на возењето по дожд“ од Гарт Стајн (The Art of Racing in the Rain)

12 книги кои се одлични за читање пред спиење

Нараторот Ензо е куче. Тој верува дека ќе се врати како човек во следниот живот, па затоа се обидува да ги научи човечките вештини од неговите сопственици. Приказната е емотивна, прекрасна и одлична за читање пред спиење.

Продолжете на следната страница за да ги видите и останатите книги…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар