Рецепт за оригинално италијанско кафе од областа Фриули

Кој вели дека треба да одите до Италија за да доживеете автентично италијанско искуство?

Рецепт за оригинално италијанско кафе од областа Фриули

Потребни состојки:
  • 125 милилитри еспресо
  • Прстофат сол
  • 150 грама шлаг пена
  • 5 лажици шеќер
  • 100 грама маскарпоне
  • 50 грама темно чоколадо
Начин на подготовка:

Стопете го темното чоколадо, ставете го шприц за декорација и на алуминиумска фолија наредете неколку мали чоколадни топчиња. Оставете ги да се оладат.

Ставете го шеќерот во мало тенџере заедно со солта и варете додека не се карамелизира и добие златно-кафеава боја. Потоа додајте го еспресото и варете уште 3-4 минути. Сипете ја добиената мешавина во сад и оставете ја да се олади, а потоа додајте го маскарпонето. Ставете ја и шлаг пената, изматете и потоа со помош на лажица, внимателно префрлете го кремот од кафе во чаши. На крај декорирајте со чоколадните топчиња!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар