Основни информации за зрната кафе

Во продавниците и маркетите има голем избор на најразлични кафиња и нивни брендови: турско кафе, ќесички филтер кафе, нес кафе, гранули еспресо, капучино и многу други. Постојано во потрага по најсилниот и најароматичниот вкус, неретко сакаме да пробуваме различни кафиња, но понекогаш се разочаруваме по првата голтка. Едно е јасно – наутро ни треба силно, ароматично, јако црно кафе кое ќе нè расони и подготви за предизвиците кој ги носи денот.Основни информации за зрната кафеЗа да бидете сигурни во вкусот на кафето кое го пиете, најдобро е да си купите печени зрна кафе, кои патем, се продаваат во  маалски продавнички, а потоа вие бидете бариста кој ќе го сомеле, свари и на крај ќе го испие топлиот напиток.

Погледнете кои се основните работи кои треба да ги знаете за зрната кафе:
.

1. Купете кафе кое ќе го пиете цела недела

Не правете залихи на кафе, туку купете онолку колку што мислите дека ќе испиете за една недела (секако, вклучувајќи ги и количествата за кога ќе ви дојдат пријатели на гости). Така, кафето ќе ви биде свежо во текот на неделата и ќе ги задржи интензивниот вкус и арома.
.

2. Чувајте го кафето во ладна и темна просторија

Шпајзот е одлично место за складирање на кафе. Таму, кафето нема да биде изложено на светлина, а тегличката во која ќе ги чувате зрната, ќе ја земате секогаш кога ќе посакате да си сомелете и сварите една шоља.
.

3. Никогаш не замрзнувајте го кафето

Ова се случува кога купувате зрна кафе повеќе одошто ви е потребно. Ова е правило од кое нема исклучок. Ако се замрзнат зрната кафе, тие губат многу од своите својства и после некое време, кога ќе се одмрзнат, кафето ја нема својата препознатлива силна арома и свежина.
.

4. Мелете кафе онолку колку што ќе пиете

Ни помалку ни повеќе. На тој начин, секој пат кога ќе сомелете од зрната, ќе пиете свежо, интензивно кафе и така секоја наредна шоља ќе биде полна со јаки вкусови и ароми.Основни информации за зрната кафе

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар