Најслаткото дуо на светот: Куче коешто порано било измачувано се плаши од сите освен од ова бебе
Ова динамично дуо е неразделно!
„Ако Арчи се бања, Нора лежи на крпата во тоалетот и чека да излезе. Ако го дојам, и таа сака да ми седне во скут. Ако тој ги чепка шкафовите и ги фрла садовите на подот, таа навива за него“, објаснила Елизабет.


Тие дури и спијат заедно!


„Уште од рана возраст ги научивме децата да ги почитуваат кучињата и да се однесуваат добро со нив. Кучињата многу ги сакаат и им веруваат на децата, па затоа им е пријатно да бидат во нивна близина на секаков можен начин“, откриле родителите.


За среќа, таа ја документира нивната врска преку фотографии кои ги објавува на Инстаграм и има повеќе од 100.000 следбеници.

Оваа необична врска помеѓу кучето Нора и бебето Арчи е доказ дека вистинското пријателство навистина постои! И најголемите трауми можат да бидат излечени доколку имате вистински пријател покрај себе.

Погледнете го и ова неверојатно пријателство помеѓу болно дете и куче со три нозе.





























