На кафе во Софија

Она што е заедничко за жителите на Софија е тоа што се пасионирани љубители на кафето и тоа не на било кое, туку на квалитетното. За нив кафето е потреба.

На кафе во Софија, Р.Бугарија

Во главниот град на Р. Бугарија, Софија има многу кафе барови. Некои се познати по убавото кафе, а некои по прекрасното топло чоколадо кое Бугарите го обожаваат. Со оглед на тоа што Софија доби кафе продавници од познатиот ланец Starbucks, тие се и најпознати и најпосетени. Градот има и други кафе барови кои вреди да се посетат ако се наоѓате таму и сакате да испиете убаво кафе во духот на градот.
.

Starbucks

На кафе во Софија, Р.Бугарија

Модерни, динамични и опуштени места каде кафето е на прво место. Бидејќи се прилично новоотворени, секогаш се преполни со луѓе, бучни и раздвижени. Во Старбакс продавниците достапни се колачињата и разните слатки десерти кои одат совршено со кафето.

Локации:

  • Улица Гурко и булевар Васил Левски

.
Costa Cafe

На кафе во Софија, Р.Бугарија

Ова е Британски ланец на кафе продавници. Овој кафе бар е повеќе познат по најразличните видови на топло чоколадо и се чини дека е специјализиран за нив. Атмосферата е мирна, но во зависност од денот може да има и многу луѓе. Карактеристично за овој кафе бар е тоа што има кафе за носење и чашите се од дебел картон од кој не може да се изгорите.

Локации:

  • Булевар Арсеналски, Трговски центар
  • Княз Александър

.
Onda Coffee Brеаk

На кафе во Софија, Р.Бугарија

Ова е кафе бар кој треба да го посетите ако се наоѓате во Софија. Има одлична атмосфера и прекрасно кафе. Секогаш е полно со гости. Во кафе барот има некомерцијална музика, а ентериерот е карактеристичен по разиграните бои на ѕидовите. Кафето тука е со најдобар квалитет. Vanilla latte и cinnamon sunset се одличен избор. Наутро се подготвуваат сендвичи и слатки. Кафе барот плени со прекрасниот поглед кон Руската црква.

Локации:

  • Булевар Цар Освободител 8, спроти Руската црква
  • Бизнис парк Софија
  • Трговскиот центар во Софија
  • Булевар Стамболийски
За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар