Лате со шмек на тиква (Pumpkin spiced latte)

Несекојдневно и необично, но сепак вкусно

Лате со шмек на тиква (Pumpkin spiced latte)Потребно време за подготовка: 10 минути

Потребни состојки:

  • 230 милилитри топло зовриено млеко
  • 5 грама шеќер
  • 1 милилитар екстракт од ванила
  • 2 грама зачин од тиква
  • 50 милилитри јако црно кафе
  • Шлаг пена
  • 15 милилитри сируп од карамела (по избор)

Начин на подготовка: Млекото, шеќерот, екстрактот од ванила и зачинот од тиква ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете пенеста смеса. Смесата ставете ја во шолја и врз неа додадете го црното кафе. Декорирајте со шлаг пената и нежно нанесете малку зачин од тиква врз неа.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар