Без јајца, путер и млеко: Рецепт за вкусна торта од ванила

Без јајца, путер и млеко: Рецепт за вкусна торта од ванила

Денес ви споделуваме брз и едноставен рецепт за торта без путер, јајца и млеко кој потекнува уште од Втората светска војна кога ресурсите биле ограничени. Потребни ви се само миксер и десет минути за подготовка, а колачот се пече околу половина час.

Без јајца, путер и млеко: Рецепт за вкусна торта од ванила

Потребни состојки:

  • 1/2 кесичка прашок за пециво
  • прстофат сол
  • 230 грама обично брашно
  • 150 грама гранулиран бел шеќер
  • 7 милилитри екстракт од ванила
  • 80 милилитри растително масло
  • 240 милилитри вода

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 175 степени целзиусови.

2. Покријте го калапот за торта со хартија за печење.

3. Измешајте брашно, прашок за пециво и сол.

4. Додадете шеќер и повторно измешајте.

5. Додадете ванила, масло и половина од водата. Мешајте додека не добиете еднолична смеса без грутки. Додадете ја преостанатата вода и повторно измешајте додека тестото не се изедначи.

6. Истурете го тестото во калапот за печење. Печете околу 35 минути. Откако тестото ќе биде готово, врз колачот размачкајте крем сирење. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за највкусната чоколадна торта кој морате да го пробате уште денес.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар