Како да си направите срце во вашето кафе?

Не мора да сте професионален бариста за да си дозволите комплетно уживање во вашето кафе. Уметноста на врвот од кафето не е само за во вашето омилено кафуле. Со овој чекор-по-чекор водич, млеко зовриено на пареа и мирна рака, и вашето домашно еспресо може да добие уметничка слика на површината. Сепак, да напоменеме дека може да ви требаат неколку обиди додека добиете совршено срце, во спротивност може да се предозирате со кафе. :)

0-kako-da-si-napravite-srce-vo-vasheto-kafe-www.kafepauza.mk_

Потребно:
  • Еспресо машина
  • 1 доза еспресо
  • 150 мл полномасно млеко
Начин на подготовка:

1. Зовријте го млекото додека да стане густо и кремасто, но без премногу пена.

2. Сипете го еспресото во шолја за кафе, благо навалувајќи го кон една страна.

3. Нишајте го (со кружни движења) млекото во ѓезвето додека површината стане мазна.

4. Почнете да го сипувате млекото во средината на еспресото од повисоко, на почетокот бавно, а потоа забрзајте.

Како да си направите срце во вашето кафе?

5. Кога половина од млекото ќе отиде, продолжете со сипување, но спуштете го ѓезвето пониско и нежно придвижувајте го лево-десно за да го олесните оформувањето на пената.

Како да си направите срце во вашето кафе?

6. Кога млекото е при крај, ќе ви се појави форма на јаболко. Тогаш намалете ја брзината на сипување и придвижете го ѓезвето попреку по површината на спротивниот крај.

Како да си направите срце во вашето кафе?

Малиот остаток од пена ќе повлече линија по средината на јаболкото и ќе се формира срце.

Како да си направите срце во вашето кафе?

Еве и едно видео кое ќе ви ја покаже постапката:

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ivva Reply

    Koga ke go zovriete mlekoto do stepen na gusto i kremasto, no bez premnogu krema pisete mi 😉

Остави коментар