Интересни и несекојдневни шолји за кафе

На сите ни треба она прво утринско кафе после кое почнуваме да го гледаме светот со будни очи. Со млеко или без, горко или благо, топло или ладно, но во секој случај силно и вкусно. Без него не можеме да си го замислиме почетокот на денот (барем ние од Кафе пауза :)). Но, не е само до кафето. Погледнете ги овие интересни шолји за кафе кои дополнително ќе го анимираат и освежат вашиот утрински мозок.

1. Санта мраз која се топи

Надворешната површина на оваа шолја за кафе е испечатена  со втор слој мастило кое е осетливо на топлина. Само неколку мигови се потребни за кафето да го загрее овој слој и сантата мраз „да се истопи” исто како и вашата сонливост по само неколку голтки од утринскиот нектар.

Интересни и несекојдневни шолји за кафе

2. Кригла составена од неколку филџани за кафе

Покрај невообичаеноста, оваа форма е удобна за рака и интересна за очи. Без разлика како ќе ја зграбите, сигурно е дека оваа кригла ќе ја заживее вашата кафе пауза и ќе го разигра распоредот во вашето бифе.

Интересни и несекојдневни шолји за кафе

3. Хардкор кригла

Овој шибер дизајн нè потсетува дека будењето е тешко и дека очајно ни е потребен силниот удар кој ни го задава кафето за да го почнеме денот онака како што треба.

Интересни и несекојдневни шолји за кафе

4. По избор на пијачите

Смачено ви е да ја повторувате формулата до вашиот личен совршен спој на кафе, шеќер и млеко? Со оваа шолја веќе нема да морате. На неа се монтирани 3 метални прстени кои ротираат и ја откриваат комбинацијата која вие ќе ја одберете.

Интересни и несекојдневни шолји за кафе

5. Кригла пиштол!

„Убијте дел од времето со чаша кафе” е мотото на овој „сериозен” сад за кафе.

Интересни и несекојдневни шолји за кафе

6. Анаморфни шолји

Анаморфните шолји ја пренесуваат векови старата визуелна игра на анаморфниот цилиндар. Шолјите изработени од не ’рѓосувачки челик се добро исполирани за да имаат изглед на огледало, а порцеланските тацни се испечатени со искривени букви или слики. Овие натписи можат да се видат во нивната правилна форма само преку искривената, рефлектирачка површина на шолјата.

Интересни и несекојдневни шолји за кафе

7. Кафе за носење

Одлична бизнис идеја. Кафето кое сте го добиле во кафе-бар може слободно да го земете со себе и да уживате во него додека пешачите. Тацната со која го добивате кафето се трансформира во негова капа!

Интересни и несекојдневни шолји за кафе

8. Употребени пластични чаши

Изработени да изгледаат како веќе користени пластични чаши, ова се всушност чаши за кафе изработени од керамика.

Интересни и несекојдневни шолји за кафе

9. Дарт Вејдер

Оставете го вашето кафе во сигурните раце на темната страна! Дизајн кој дефинитивно ќе ги освои кафињата на сите фанови на Војна на ѕвездите.

Интересни и несекојдневни шолји за кафе

10. Совршената шолја за кафе

Овалната форма на оваа шолја го носи нејзиниот тежишен центар поблиску до раката, што пак придонесува за поудобно држење и конзумирање на вашиот омилен пијалак.

Интересни и несекојдневни шолји за кафе

Доколку сте љубители на добри шолји за кафе, погледнете ги и 20-те креативни шолји за кафе.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар