Еспресо Мартини

Страствен кафеџија и љубител на коктели се две особини кои се кријат во секого од нас. Овој пијалак е исто што и млекото за мали деца. Јакото еспресо и чистата вотка се надополнуваат совршено, а уште кога тоа ќе се сервира во чаша за мартини, забавата може да започне.

Еспресо МартиниЗа да го направите овој кафе коктел потребни ви се:

  • 30 ml оладено еспресо
  • 15 ml ликер од кафе
  • 30 ml квалитетна вотка од ванила
  • 15 ml Baileys

Во шејкер за коктели ставете ги сите состојки, додадете неколку коцки мраз и мешајте се додека не се соединат состојките и течноста стане ладна. Коктелот претурете го во чаша за мартини и декорирајте го со неколку цели зрна кафе.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Miss_XxX Reply

    Mh, mh….

Остави коментар