Дознајте кој е најинтересниот знак што можете да го добиете од универзумот

Ако мислите дека универзумот не ви одговара на пораките што му ги праќате, се лажете. Универзумот постојано ви праќа пораки, но вие треба да научите да ги препознавате и разбирате. Еден од најважните нејасни, но интересни знаци што можете да го добиете од универзумот е феноменот дежаву.

Дознајте кој е најинтересниот знак што можете да го добиете од универзумот

Што е дежаву и што значи тоа?

Дежаву е чувство дека веќе сте доживеале нешто или сте биле на некое место. Станува збор за нешто единствено што се разликува од сѐ останато. Се будите наутро, уште еден обичен ден, ништо посебно не ви се случува, се подготвувате за работа и одеднаш ве погодува! Ви се јавува чудно непознато чувство. Ова веќе сте го доживеале претходно!

Дежаву е тема која веќе подолго време се игнорира, па дури и се смета за нешто застрашувачко и чудно. Но, иако нема официјално објаснување за овој феномен, постои голема веројатност дека чувството на повторена ситуација, случка или место, е знак дека станува збор за нешто што е од големо значење за вас.

Универзумот се обидува да ве натера да застанете и да размислите за тоа. Тој ви го привлекува вниманието во одреден момент. Се работи за нешто што инаку не би го забележале. Секако дека тоа треба да го сфатите како знак. Но, проблемот е во тоа што многу е тешко да се дешифрира овој знак.

Што треба да направите ако сте доживеале дежаву?

ПРВ ЧЕКОР

Пред сѐ, треба да се ослободите психички за да може оваа појава да ви стане појасна. Само на тој начин ќе разберете што точно универзумот се обидува да ви пренесе. Сигурно сте забележале дека тоа чудно чувство исчезнува многу брзо. Тоа е така, затоа што вашиот ум е преоптоварен со други работи и не можете да го искористите моментот за да ја видите пораката. Мора за момент да го исклучите умот и одново да го вклучите.

Слушањето Brainwave музика може да ви помогне да го сторите ова. Во оваа музика има посебни тонови и импулси кои автоматски ве префрлаат во состојба на целосно опуштање. Не грижете се! Не станува збор за здодевна, традиционална медитација. Не мора да седите во неудобната „лотос“ положба, обидувајќи се да замислувате нешто. Ова нема да трае предолго и не мора ни да носите слушалки доколку не сакате.

Само треба удобно да се сместите, да се опуштите и да ѝ дозволите на музиката да си ја врши својата работа. Можеби понекогаш ќе треба да го повторувате ова повеќе пати, во зависност од тоа кога ќе ви се појави следното дежаву. Повторувајте го сѐ додека не почувствувате дека сте извлекле максимална корист од музиката. Освен тоа, Brainwave музиката ќе ви помогне да се ослободите од стресот и да си го подигнете енергетското ниво. Тоа значи дека оваа музика е одлична и за секојдневниот живот, а не само за моментите кога барате знаци од универзумот.

Дознајте кој е најинтересниот знак што можете да го добиете од универзумот

ВТОР ЧЕКОР

Запишувајте сѐ. Водете „дежаву“ дневник. Исто како и соништата, така и оваа појава може да ја заборавите веднаш штом ќе се случи, па затоа запишувајте што е можно повеќе детали:

  • Што се случило?
  • Каде сте биле кога се случило тоа?
  • Во кој период од денот се случило?
  • Што сте виделе?
  • Што сте правеле?
  • Со кого сте биле?
  • За што сте размислувале?

По некое време можеби ќе воочите дека постои слична тема во сите случки. Можеби секогаш сте со истата личност кога се случува тоа. Тогаш, можеби тоа значи дека таа личност е ваша сродна душа или можеби ќе ви го покаже вистинскиот пат во животот.

Исто така, споредете ги вашите дежаву белешки со вашите желби и визуализации. Дали постои некаква врска? На крајот, обрнете посебно внимание на вашите чувства. Дежаву е многу чудно чувство, па затоа можеби ќе ви биде тешко да објасните како се чувствувате. Но, обидете се да го воочите целокупното расположение. Дали сте возбудени? Исплашени? Дали ви е здодевно?

На пример, ако ви се случи дежаву на работа и се чувствувате фрустрирано, тоа можеби е знак дека не сте таму каде што треба да бидете и дека можеби е време да најдете нова работа. Од друга страна, пак, ако се чувствувате возбудено, тоа можеби е знак дека сте на прав пат. Не заборавајте да бидете слободоумни. Соберете ги сите факти, па дури потоа почнете да ги анализирате.

Доколку очајно се обидувате да видите одреден знак, најверојатно и ќе го видите. Така дејствува законот на привлекување. Но, тоа нема да биде вистинскиот знак. Понекогаш универзумот се обидува да ве предупреди дека не треба да го правите она што сакате да го направите, па затоа дајте си време. Не избрзувајте со заклучоци. Со текот на времето, ќе ги добиете вашите одговори.

Погледнете ја целава работа и од научна гледна точка и дознајте зошто понекогаш доживуваме дежаву.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар