Научниците конечно објаснија зошто понекогаш доживуваме дежа ву

На сите ни се има случено да се најдеме во одредена ситуација која ни се чини дека веќе сме ја доживеале во минатото. Досега дадени се еден куп теории зошто се случува тоа, но ниту една не е докажана со сигурност, па овој феномен сѐ уште останува една од најголемите мистерии на човечката психологија.

Научниците конечно објаснија зошто понекогаш доживуваме дежаву

Но, научниците имаат ново објаснување за оваа чудна мозочна појава. Шкотскиот професор Акира О’Конор верува дека овој феномен е последица од проверката на фактите која ја прави нашиот мозок.

За да ја докаже неговата теорија, доктор О’Конор спровел низа експерименти во кои тој вештачки ја предизвикал појавата на дежа ву. На испитаниците им биле кажувани одреден број зборови поврзани меѓу себе, но притоа бил изоставен главниот заеднички концепт за сите тие зборови. На пример, тие ги слушале зборовите „перница“, „кревет“, „ноќ“, но не го слушнале зборот „спиење“.

Потоа, истражувачите ги прашале испитаниците дали чуле збор со буквата „с“ во него и одговорот бил негативен. Меѓутоа, подоцна, кога на испитаниците им било поставено истото прашање, поголемиот дел од нив рекле дека чуле „спиење“. Тие мислеле дека навистина го чуле зборот затоа што логички припаѓа на остатокот од низата зборови. Мозоците на учесниците почнале да ги преиспитуваат нивните сеќавања и како последица на тоа, токму во тој момент, се јавило силно чувство на дежа ву.

Научниците конечно објаснија зошто понекогаш доживуваме дежаву

Магнетната резонанса покажала дека најактивните делови од мозокот во тие моменти биле оние што се одговорни за донесување одлуки, а не за сеќавања. Доктор О’Конор претпоставил дека овие области од мозокот создаваат чувство на дежа ву затоа што ги следат сеќавањата и бараат грешки во нив. Кога ќе најдат некоја недоследност, веднаш се активираат, а ние доживуваме морничаво чувство дека тоа веќе ни се има случено порано.

Според еден друг истражувач, Стефан Келер од Канада, можно е да се случува и некој конфликт при донесувањето решенија во мозокот за време на овој феномен.

Потребно е да се соберат уште многу податоци пред да се докажат овие теории, но ако некоја од нив е вистинита, феноменот дежа ву конечно ќе биде разоткриен. Тогаш со сигурност ќе знаеме дека мозокот само го проверува квалитетот на нашите сеќавања и бара недоследности помеѓу она што навистина го паметиме и она што мислите дека го паметиме.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар