ТВ серија: Елементарно (Elementary)

ТВ серија за познатиот Шерлок Холмс кој во оваа преработка живее во Њујорк, во 21-от век

ТВ серија: Елементарно (Elementary)Главни улоги: Џони Ли Милер, Луси Лу, Ејдан Квин

Жанр: криминалистика, драма, мистерија

Креатор: Роберт Доерти

Премиера: 27 септември 2012

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (24 гласа, просек: 8.96 од 10)

Loading...Loading...

Без двоумење можеме да кажеме дека постојат многу интерпретации на најпознатите детективи од фиктивната историја. Но, до пред неколку години никој не можеше ни да си замисли како би изгледал модерниот Шерлок Холмс. Благодарение на брилијантната ТВ серија „Шерлок“ од „BBC“ во 2010 година тоа целосно се смени. Гледајќи го успехот кој таа го постигна низ целиот свет „CBS“ реши да направи своја верзија од најпопуларните ликови на Конан Дојл. Тие сакајќи да внесат нешто сосема ново во оваа добро позната приказна, ги изненадија сите фанови на Шерлок Холмс со воведување на „мала“ промена во ликот на Џон Вотсон.ТВ серија: Елементарно (Elementary)Сè започнува со посетата на Џејн Вотсон (Луси Лу) која треба да биде новиот „трезен придружник“ на Шерлок Холмс (Џони Ли Милер). Неговиот татко ја најмил бидејќи бил загрижен за Холмс кој избегал од центарот за рехабилитација истиот ден кога требало да биде отпуштен. Работата на Вотсон е да му помогне што побрзо да се навикне на преминот кон нормалниот начин на живеење и да не дозволи тој повторно да ѝ се врати на дрогата.ТВ серија: Елементарно (Elementary)ТВ серија: Елементарно (Elementary)Холмс работел како советник во Скотлант Јард, но бидејќи под влијание на татко му сега е во Њујорк, тој решил да ја продолжи својата работа тука. Поради тоа Вотсон и Холмс заедно се упатуваат кон најновото место на злосторство и бидејќи нивниот однос како придружник-клиент е доверлив, тој виде одлична шанса да си поигра со неа така што ја претстави како негов личен слуга на капетанот Тоби Грегсон (Ејдан Квин). Вотсон истовремено е и фасцинирана и фрустрирана од неговите постапки, како и од начинот на кој тој инстантно ги „чита“ луѓето околу него. ТВ серија: Елементарно (Elementary)ТВ серија: Елементарно (Elementary)И покрај тоа што нивниот почеток ќе тргне во сосема погрешна насока и таа нема да сака повеќе да биде негов придружник, Холмс ќе сфати дека нејзиното присуство многу му помага при решавање на случаите и ќе направи сè што може за да ја задржи покрај себе. Уште на првата сцена кога ќе ги видите овие двајца заедно ќе ја забележите одличната хемија која се појавува меѓу нив. Мислите дека знаете како ќе продолжи приказната? Не претпоставувајте ништо… Неочекуваните пресврти ќе продолжат да ве изненадуваат до самиот крај.ТВ серија: Елементарно (Elementary)ТВ серија: Елементарно (Elementary)Доколку сте фан на незаборавниот Шерлок Холмс погледнете ја и оваа преработка. Ви ветуваме дека со само една епизода таа ќе успее да ги надмине сите ваши очекувања.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. hdsahda Reply

    CIsta kopija na britanskata Sherlock koja veke ima 2 sezoni zad sebe

Остави коментар