Мажи во црно 3 (Men in black 3)

Агентот Џеј мора да се врати во далечните 60-ти за да го спречи убиството на својот партнер Кеј

Мажи во црно 3 (Men in black 3)Режија: Бери Соненфелд

Улоги: Вил Смит, Томи Ли Џоунс, Џош Броулин, Џмеин Клемент

Времетраење: 106 минути

Јазик: англиски

Премиера: 25 мај 2012

Жанр: акција, комедија, научна фантастика

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (13 гласа, просек: 9.54 од 10)

Loading...Loading...


По бегството од затвор со највисоко обезбедување на месечината, Борис Животното решава да се врати во минатото и да го елиминира оној кој го уапсил – Агентот Кеј. Кога ќе го стори тоа, Агентот Џеј е единствениот што се сеќава на својот партнер и решава да се врати во минатото, на 15 јули 1969 година, еден ден пред наводното убиство на Агентот Кеј и да го врати текот на времето во нормала.


Приказна: Се започнува кога девојката на Борис Животното (Никол Шерцингер) ќе отиде во затвор за да го посети. Таа му подготвила торта со која сака да го изненади. И покрај тоа што од обезбедувањето темелно ја проверија, тие наоѓаат причина за да не ја пуштат кај него. Но, како и секогаш, криминалниот ум го надитрува обезбедувањето со уникатен и неочекуван план за бегство. Во меѓувреме агентот Џеј (Вил Смит) и неговиот партнер, агентот Кеј (Томи Ли Џоунс) средуваат некои секојдневни проблеми со вонземјани на Земјата и како и секогаш, голем број очевидци се принудени да „заборават“ доколку виделе нешто што не треба.Мажи во црно 3 (Men in black 3)За време на последната истрага агентот Кеј препознава неколку ситници кои ќе го наведат да помисли дека Борис Животното избегал од затвор. И покрај тоа што не се појавуваат многу емоции на неговото лице, агентот Џеј ќе забележи дека нешто не е во ред. Бидејќи неговиот партнер како и секогаш нема да сака да ја сподели загриженоста со него, Џеј решава да направи негова сопствена истрага за тоа што се случило пред многу години. Но, многу брзо дознава дека неговото овластување воопшто нема да му биде од корист овој пат и згора на сè, агентот Оу (Ема Томпсон) ќе му забрани да продолжи со своето истражување.Мажи во црно 3 (Men in black 3)Мажи во црно 3 (Men in black 3)Наредното утро, како и секогаш, агентот Џеј оди до станот на својот партнер и тропнува на вратата. Но, од другата страна на вратата воопшто не се наоѓа тоа што тој го очекуваше. Непозната жена тврди дека тоа е нејзиниот дом веќе подолго време и дека не знае ништо за човек со име Кеј. Збунет, но убеден дека станува збор за шала, тој набрзина оди во агенцијата и почнува да го бара својот партнер. Потрагата завршува кога агентот Оу ќе му каже дека Кеј е мртов повеќе од 40 години.Мажи во црно 3 (Men in black 3)Мажи во црно 3 (Men in black 3)По краток разговор тие сфаќаат дека нешто не е во ред со временската линија и останува на Џеј, кој е единствениот што го памети својот партнер, да се врати во времето и да го спречи неговото убиство. Таму го очекува многу интересно изненадување – треба да соработува со својот партнер (Џош Броулин) кога бил многу млад…Мажи во црно 3 (Men in black 3)Мажи во црно 3 (Men in black 3)Кога и како да го гледате: Овој многу забавен и лесен филм за гледање е одличен избор за филмска вечер со вашите најблиски. Интересните пресврти и вообичаените шеги на Вил Смит, како и секогаш, ќе ве насмеат до солзи, а приказната за патувањето низ времето и менувањето на текот на историјата по нејзиното завршување, со сигурност ќе ве предизвика на една несекојдневна дебата со пријателите.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар