Мадагаскар 3: Најбараните во Европа (Madagascar 3: Europe's most wanted)

Мадагаскар 3: Најбараните во Европа (Madagascar 3: Europe’s most wanted)

Пред 6 години тие исчезнаа без трага, но овој пат ќе направат сè за да се вратат дома

Мадагаскар 3: Најбараните во Европа (Madagascar 3: Europe's most wanted)Режија: Ерик Дарнел, Том Мекграт, Конрад Вернон

Гласови: Бен Стилер, Крис Рок, Џејда Пинкет Смит, Дејвид Швимер

Времетраење: 93 минути

Јазик: англиски

Премиера: 8 јуни 2012

Жанр: анимација, авантура, комедија

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (24 гласа, просек: 10,00 од 10)
Loading...


Алекс, Марти. Глорија и Мелман сè уште пробуваат да најдат начин да се вратат во нивниот дом – Големото Јаболко. Тие откриваат дека за да стигнат до Америка мора да поминат низ Европа. Бидејќи се барани од контролата за животни, тие наоѓаат совршен начин да останат скриени – се придружуваат на циркус кој патува и многу брзо го променуваат во стилот на Мадагаскар.


Приказна: Лавот Алекс (Бен Стилер), зебрата Марти (Крис Рок), нилскиот коњ Глорија (Џејда Пинкет Смит) и жирафата Мелман (Дејвид Швимер) сè уште ги чекаат пингвините кои им ветија дека ќе се вратат по нив на крајот од претходниот дел. Но, како што поминува времето, така се зголемува и нивната носталгија. Тие решаваат дека е најдобро сами да ги пронајдат пингвините и да ги натераат да ги вратат во Њујорк со нивниот авион. По неколку кратки договори тие тргнуваат накај Монте Карло, со надеж дека во многу брзо време ќе можат повторно да си ги живеат старите животи во зоолошката на Њујорк…Мадагаскар 3: Најбараните во Европа (Madagascar 3: Europe's most wanted)Но, како и секогаш се случува нешто сосема неочекувано. Пробувајќи да стапат во контакт со пингвините, тие паѓаат во самиот центар на казино од каде што им повикуваат контрола за животни. И покрај целата збрка, успешно ги пронаоѓаат пингвините и со нивна помош на кратко успеваат да побегнат, но на тој начин и го привлекуваат вниманието на злобната капетанка Дубоа (Франсис Мекдорманд) која е решена да направи сè за да ја има главата на Алекс на нејзиниот ѕид (покрај другите „сувенири“ од животни кои ги уловила во текот на нејзината работа).

Очајни, бидејќи Дубоа е постојано чекор позади нив, тие тврдејќи дека се циркуски животни се придружуваат на циркус кој доколку помине добро во Рим и Лондон ќе оди на турнеја низ Америка. Алекс, Марти, Глорија и Мелман се пресреќни бидејќи конечно имаат сигурна можност да се вратат во Њујорк.Мадагаскар 3: Најбараните во Европа (Madagascar 3: Europe's most wanted)Мадагаскар 3: Најбараните во Европа (Madagascar 3: Europe's most wanted)Тие решени да останат скриени за да не ги најде повторно Дубо,а од позади сцената го набљудуваат првиот настап на нивните нови пријатели во Рим. Но, повторно работите не одат баш по планот. Настапите на животните се далеку од добри, всушност толку се лоши што слободно можете да ги прогласите за најлошите настапи во историјата на циркусот.

Токму во тие најтешки моменти, настапува Алекс на сцена, кој по многу долг говор успева да ги мотивира животните целосно да го променат нивниот концепт и да го прават тоа што тие најмногу го сакаат. Исто така, новодојдените „бегалци“ решаваат и да им се придружат на циркуските животни во настапите и притоа да му покажат на светот дека сè е можно кога се сака…Мадагаскар 3: Најбараните во Европа (Madagascar 3: Europe's most wanted)Мадагаскар 3: Најбараните во Европа (Madagascar 3: Europe's most wanted)Критика: Авантурите и неволјите во кои нашите омилени животни од филмското платно запаѓаат во овој дел дефинитивно се многу подобрени и поинтересни. Ако ви се допаднале претходните филмови, тогаш нема шанси да не ви се допадне и овој дел. Според многумина тој е најдобриот до сега. Исто така повторно се чувствува добро познатото лудило и хаос кои во никој случај не можат да ве остават рамнодушни. И како бонус на сè- можете да го гледате и во 3Д.Мадагаскар 3: Најбараните во Европа (Madagascar 3: Europe's most wanted)Мадагаскар 3: Најбараните во Европа (Madagascar 3: Europe's most wanted)Кога и како да го гледате: Овој филм можете да го гледате во кое било време, на кое било место, сами или со друштво. Всушност тој е толку многу смешен и забавен што сосема ќе заборавите каде и со кого го гледате. Ликовите целосно ќе го освојат вашето внимание и без никаков проблем ќе успеат да го одржуваат вашето расположение на многу високо ниво до самиот крај на филмот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар