Филмска препорака: 3 одлични трилери што задолжително треба да ги погледнете овој декември

Филмска препорака: 3 одлични трилери што задолжително треба да ги погледнете овој декември

2016 година беше исполнета со одлични филмови кои навистина вреди да се погледнат. Понесени од целата таа филмска атмосфера, ние вие препорачуваме уште 3 одлични филма за кои дефинитивно треба да одвоите време пред да започне новата година. Станува збор за мрачни трилери со трогателни приказни што ќе ве наведат на размислување. Ова е нашата филмска препорака за декември…

„Госпоѓица Слоун“ (Miss Sloane)

Филмска препорака: 3 одлични трилери што задолжително треба да ги погледнете овој декември

Џесика Честејн ја глуми ладната госпоѓица Слоун која работи како лобист и е опседната со законот за користење оружје. Тензијата станува посилна кога работата почнува да влијае на нејзиниот приватен живот и таа открива една нова темна страна на нејзината личност што почнува да го загрозува нејзиното патешествие.

„Лав“ (Lion)

Филмска препорака: 3 одлични трилери што задолжително треба да ги погледнете овој декември

Дев Пател одлично успева да го долови главниот лик во оваа приказна инспирирана од прекрасниот мемоар на Сару Брирли. Малото момче Сару се изгубило во Индија и живеело како скитник на улиците во Колката, сѐ додека не биде посвоено од едно тасманско семејство. По десетина години, Сару решава да ги побара неговите вистински родители. Никол Кидман и Руни Мара ги играат жените кои се сведоци на неговата потрага.

„Ноќни животни“ (Nocturnal Animals)

Филмска препорака: 3 одлични трилери што задолжително треба да ги погледнете овој декември

Режисерот Том Форд предизвикал големи провокации со неговото најново филмско остварување наменето за љубителите на мрачните трилери. Ејми Адамс ја толкува улогата на успешната дилерка со уметнички дела која еден ден налетува на ракопис од нејзиниот поранешен сопруг. Џејк Гиленхал ја има улогата на писателот кој бил напуштен од неговата сопруга. Романот ѝ буди стари сеќавања на силната жена, поради што таа почнува да тагува и да се чувствува ужасно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар