Одлична идеја за празниците: Вратете се во детството со филмовите за Хари Потер

Одлична идеја за празниците: Вратете се во детството со филмовите за Хари Потер

Новата година и божиќните празници се веќе на прагот. Во овој период веројатно сте зафатени со китење на елката, местење сијалички и украсување на домот со разни божиќни декорации. На сите ни се добро познати традициите поврзани со празниците, но ние ви предлагаме уште една нова традиција што дефинитивно би требало да ја вклучите: Одново прочитајте ги или гледајте ги приказните за малиот волшебник Хари Потер. Исполнети со чудесии, магија и надеж, овие книги и филмови секогаш ќе можат да ја надополнат празничната атмосфера без разлика колку пати сте ги прочитале или гледале.

Одлична идеја за празниците: Вратете се во детството со филмовите за Хари Потер

Хари Потер ќе го разбуди детето во вас и ќе ви помогне навистина да им се радувате на празниците. За фановите на серијалот „Хари Потер“ повторното гледање на филмовите претставува враќање во минатото кога не биле оптоварени со стресот и товарот присутни во светот на возрасните, туку кога биле возбудени и среќни поради сите можности што им се нудат во детството и тинејџерските години.

Одлична идеја за празниците: Вратете се во детството со филмовите за Хари Потер

Светот на волшебниците ќе ве потсети дека и вие некогаш сте верувале во магија. Како и самото детство, секоја страница од книгите за Хари Потер и секоја минута од филмовите претставуваат откривање на нешто неверојатно, без разлика дали станува збор за нешто фантастично или за некое пријатно љубовно и пријателско искуство. Овие чувства на возбуда и надеж се главната одлика на божиќните празници.

Без оглед на тоа како ќе ги прославите, божиќните празници се сметаат за магичен период од годината, исполнет со светки и чуда. Во овој период, луѓето се собираат за да ја споделат нивната верба во подобро утре. Чувството е прекрасно и посебно. Истото чувство се јавува кога повторно ќе се вратите во волшебниот свет на Хари Потер.

Одлична идеја за празниците: Вратете се во детството со филмовите за Хари Потер

Моментот кога Хагрид за прв пат доаѓа кај Хари Потер со магија и торта во рацете е исто како да го гледате Дедо Мраз како се симнува низ оџакот и носи подароци. Прошетката на Хари во Дијагоналната уличка е идентична со вашите прошетки низ трговските центри, само што наместо метла за летање и снежен був, вие возите автомобил и користите мобилен телефон. Кога ќе го видите изразот на лицето на Хари кога ќе се разбуди и ќе види дека има подароци и за него, ќе се почувствувате како дете кое се радува и на хартијата со која се завиткани подароците од најблиските.

Одлична идеја за празниците: Вратете се во детството со филмовите за Хари Потер

Филмовите „Хари Потер“ ги содржат сите нешта што би сакале да ги видите и доживеете за време на празниците: Снег, вкусни гозби, подароци, грди џемпери, време поминато со семејството и пријателите. Но, овие приказни зборуваат и за онаа страна на празниците што не е толку позитивна. Овој период од годината е многу емотивен и кај многу луѓе се јавуваат чувства на тага, осаменост, анксиозност и депресија. Негативната страна на овие празници е тоа што ги потсетуваат луѓето на нештата што ги немаат или ги изгубиле. Исто како и одразот во огледалото на Ерисед, празниците можат да бидат осамени и горчливи. Меѓутоа, како и секоја добра книга и филм, „Хари Потер“ е тука да ве потсети дека не сте сами. Познат и утешителен, Хари Потер е вашиот стар пријател кој ќе ви даде надеж дури и во најмрачните периоди од животот.

Одлична идеја за празниците: Вратете се во детството со филмовите за Хари Потер

Постојат толку многу божиќни филмови и книги, илјадници приказни за љубовта, пријателството, магијата, чудата, надежта и празничниот дух. Иако „Хари Потер“ можеби не спаѓа во таа категорија, сепак може да ви го пружи она што ви треба за време на празниците. Доколку сакате повторно да се почувствувате како дете, нема подобар начин да го сторите тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар